6.8 C
Скопје
11:50 - 5 февруари, 2025

Нови детали од работниот логор на озлогласената Елен Деџенерис

Една од поранешните вработени на Елен Деџенерис изнесе нови обвинувања против водителката, велејќи дека атмосферата кај Елен била неверојатно фрустрирачка. Како што изјави за американските медиуми, луѓето претежно останувале на своите работни места само неколку недели или месеци, а Деџенерис се однесувала недолично кон нив и ги малтретирала без вистинска причина.

Некогаш најдобрата водителка на светот, а сега најомразена, Елен Деџенерис последните неколку месеци е под огромен притисок поради обвинувањата дека со години ги малтретирала своите вработени.

Фото: Инстаграм

Веста за мобингот во нејзиното ТВ студио се прошири низ целиот свет и стана голем проблем дури и за нејзината продукциска куќа „WarnerMedia“, која исто така започна официјална истрага против водителката.

Фото: Профимедиа

Бидејќи целиот случај дополнително од ден на ден сè повеќе се разгорува, а јавноста добива сè повеќе детали за наводниот проблем, „Дејли меил“ во своите нови текстови носи сведоштва од поранешни вработени кои тврдат дека атмосферата кај Елен била како да се наоѓа во „работен логор“.

Фото: Инстаграм

Еден од вработените раскажа како Елен ги казнувала за секоја ситница. На пример, таа би одземала од нивната плата доколку пената во кафето не била таква како што таа очекувала тоа утро. Таа наводно оставала и „стапици“ во нејзината канцеларија – кутија со кибрит под перницата, за да провери дали го исчистиле и тој дел од просторијата.



The post Нови детали од работниот логор на озлогласената Елен Деџенерис appeared first on Слободен печат.


Нови детали од работниот логор на озлогласената Елен Деџенерис was first posted on септември 15, 2020 at 10:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....