-3.2 C
Скопје
06:47 - 23 декември, 2024

НОВИ ДЕТАЛИ ОД МАСАКРОТ ВО СПЛИТ: Тројцата убиени учествувале во тепачки, продавале дрога и рекетирале

Сплитскиот градски советник, Јосип Маркотиќ, го коментираше убиствениот поход на Филип Завадлав, кој во саботата ги шокираше жителите на Сплит, но и цела Хрватска и регионот, пренесува Еспресо.рс.

Маркотиќ на Фејсбук напишал дека во цивилизираните општества корупцијата, неправдата и злосторствата не се решаваат со одмазда, улични пресметки и убиства, затоа што овие работи во модерниот свет ги решаваат полицијата и правосудството.

„Од ова ужасно злосторство (за кое лично не можам да најдам никакво оправдување), единствено полошо злосторство е (не) ефикасноста на корумпираното хрватско правосудство. Тројцата убиени криминалци и нарко дилерот веќе со години им се познати на полицијата и правосудството. Тоа се случи во кварт во кој живеам. Кафулето до училиштето во кое одат моите деца беше опкружено со специјалци. Како тоа? Па бидејќи полицијата добро знае кој е газда на кафулето и какви „академци“ се собираат во него. Тие стравуваа убиецот да не влезе во кафулето за да го продолжи своето одмаздничко убивање“- откри тој на Фејсбук.

„Тројцата убиени константно малтертираа се околу себе. Продаваа дрога, рекетираа, се тепаа, се закануваа…Гледам дека дел од локалните медиуми сега лицемерно се згрозува од пораките за поддршка на убиецот. Потребно е малку своето згрозување да го насочите во друг правец. Сите кои сега му даваат поддршка на убиецот, не го прават тоа за да ги величат убиството, одмаздата и криминалот, туку од револт кон нефункционалниот систем. Ако полицијата и правосудството работеа онака како што треба, тие тројца несреќници денеска ќе беа живи и ќе беа во затвор“, пишува Јосип Маркотиќ на Фејсбук.

U civiliziranim društvima korupcija, nepravda i zločini se ne rješavaju osvetom i uličnim obračunima i ubojstvima. Zato…

Publiée par Josip Markotić sur Dimanche 12 janvier 2020

The post НОВИ ДЕТАЛИ ОД МАСАКРОТ ВО СПЛИТ: Тројцата убиени учествувале во тепачки, продавале дрога и рекетирале appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....