-0.2 C
Скопје
08:50 - 25 ноември, 2024

Нова железница со ултра брзи возови би ја поврзувала цела Европа: Една линија би поминувала низ Македонија со брзина до 350 километри на час (ФОТО)

Ако биде реализиран проектот на ултра брзи возови, кој настана на иницијатива на угледниот Институт за меѓународни економски студии во Виена, најсовремената железница би ги поврзувала сите краеви на континентот.

Со новата железничка мрежа, предвидена од програмата на европското закрепнување од Ковид-19, би се патувало со брзина меѓу 250 и 350 километри на час. Од Белград до Берлин, кои се одалечени 1.250 километри, со воз би се патувало околу 4 часа. Патувањето до Виена од Белград би траело околу два часа, додека растојанието меѓу Белград и Солун би било околу петнаесет минути поголемо.

Институтот во Виена во својот предлог наведува дека оваа мрежа би можела да биде изградена во рок од една декада.

Македонија би се нашла на линијата Берлин-Никозија, каде возот во еден правец би се движел од Германија, низ централна Европа – Чешка, Австрија, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, па Македонија и Грција, се до Кипар каде би постоела морска врска преку траект.

Во другиот правец возот би поминувал и низ Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, со што практично би бил поврзан цел Западен Балкан.

Низ шесте земји од нашиот регион кои се наведени во планот, би требале да пројдат вкупно 1.564 километри пруга, за чија изградба се потребни околу 1,1 милијарди евра. Најдолгиот дел од пругата би бил во Србија, 448 километри пруга, за чија изградба би биле потребни 14,9 милијарди евра, а потоа на второ место би била БиХ со 340 километри должина на пругата, за чија изградба би биле потрени 10,06 милијарди евра.

Новата европска мрежа на ултра брзи возови би опфатила четири железнички линии, кои би ги поврзале главните градови на ЕУ и земјите кандидатки за членство на ЕУ од Западен Балкан.

Фото: THE VIENNA INSTITUTE FOR INTERNATIONAL ECONOMIC STUDIES / SCREENSHOT

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Станува збор за следните релации – зелена линија: Даблин-Париз, со морска врска преку траект меѓу градовите Корк и Брест; црвена линија: Лисабон-Хелсинки; плава линија: Брисел-Валета, од северот до југот во Европа; и кафеава линија: Берлин-Никозија, со морска врска преку траект меѓу Пиреј и Пафос.

Брзи возови, мала загаденост

Просечната  брзина би била зголемена на 250 до 350 километри на час, за разлика од моменталната брзина која на одредени пруги се одвива значително под 200 километри на час. Тоа значи дека патниците од Париз до Берлин ќе стигнуваат за четири часа, што би го направило авиосообраќајот застарен и непотребен за повеќето европски патувања. ВО предлогот се наведува дека така би била намалено и испуштањето на јаглероден диоксид, за 4 до 5 проценти, а би биле зголемени и товарните капацитети на железницата.

Вкупната инвестиција за 18.250 километри пруга во оваа мрежа е проценета на 1.100 милијарди евра, односно околу 60 милиони евра по километар. Линијата меѓу Берлин и Никозија, на која се наоѓа и Македонија, би била долга 5.700 километри и би чинела вкупно 249 милијарди евра.

The post Нова железница со ултра брзи возови би ја поврзувала цела Европа: Една линија би поминувала низ Македонија со брзина до 350 километри на час (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Нова железница со ултра брзи возови би ја поврзувала цела Европа: Една линија би поминувала низ Македонија со брзина до 350 километри на час (ФОТО) was first posted on јуни 20, 2020 at 10:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....