00:20 - 17 јануари, 2026

Нов доказ за брзите климатски промени: Се оддели голем дел од глечер на Гренланд

Голем дел од глечер на Гренланд, што е проценет на 110 квадратни километри, се оддели на далечниот североисток на Арктикот, објавија научници, според кои, тоа е уште еден доказ за брзите климатски промени.

Дел од глечерот се оддели во фјордот Њогхалфвјердсфјорден, долг околу 80 километри и широк околу 20 километри, соопшти денеска Националниот геолошки институт на Данска и Гренланд, пренесува вијести.ме.

Годишното топење на најголемиот арктички појас со мраз на североисточен Гренланд се мери со оптички сателити. Тие покажуваат дека секоја од загубените површини во последните две години минале по 50 квадратни километри.

Појасот од мраз од 1999 година загуби 160 квадратни километри што, колку за илустрација, е двапати поголема површина од Грција.

– Треба да бидеме многу загрижени за нешто што изгледа дека прогресивно исчезнува најголемиот леден гребен на Арктикот“, вели научникот Џејмс Букс.

– Уште едно масивно парче од виталниот морски мраз падна во океан. Тоа е уште еден знак за предупредување што ја означува климатската криза во Арктикот кој брзо се загрева“, рече портпаролката на „Гринпис“, Лаура Мелер која се наоѓа на бродот Арктик Санрајс“ на раб на морскиот мраз.

Студија на „Гринпис“ што беше објавена во август покажа дека Гренланд загубил рекордна количина на мраз во 2019 година, со толку големо топење што би можело да ја прекрие Калифорнија со 1,25 метри вода.

The post Нов доказ за брзите климатски промени: Се оддели голем дел од глечер на Гренланд appeared first on Слободен печат.


Нов доказ за брзите климатски промени: Се оддели голем дел од глечер на Гренланд was first posted on септември 14, 2020 at 9:06 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....