7.8 C
Скопје
12:59 - 22 декември, 2024

Ни Атиџе нема да биде иста!

По „Медена земја“ за Македонија ништо нема да се смени: таа нема да стане ниту Холивуд, ниту Боливуд, но нема да стане ниту медена земја, сигурно.

Градоначалниците и политичарите ќе си останат исти, слепи при очи. Не го видоа она што било пред нив со години и тоа ќе си остане и во иднина така. Циниците и натаму ќе мрчат „ова не е нашата Македонија“, дајте ни некоја поубава Македонија.
Филмските критичарите ќе имаат уште една ретка прилика да полемизират за пораките на филмот и за естетската визура на камерата.

Е, кај авторите на филмот ќе има значајна промена. Успехот на нивното „чедо“ во кое вложија и време и труд ќе ги мотивира да продолжат да работат со поголем ентузијазам, зашто за уметноста нема лимит-само небото е граница. Не е важно од каде си, важно е што создаваш и како тоа го правиш. Уметноста е индивидуална, тука нема колективизам. Ние сите можеме да се китиме со успехот на уметникот, но ние не сме то,ј а тој не е ние, не е цела Македонија.

Но најмногу промена ќе има кај Атиџе. Тоа веќе се чуствува. Таа не е истата Атиџе од пред тоа. Неа ја „допре“ филмот како раката на Господ. Таа му даде на филмот душа, а тој и врати „за жал“ со иста мерка.

Ќе може ли Атиџе да продлжи на ист начин онаму каде што беше пред овие филамџии да и влезат во животот и од него да направат своевидно уметничко „реалити шоу“, издигнувајќи го на ниво на филозофска размисла за теснотијата на просторот колку и да е бесконечен ако за соживот добиеш комшија кого не можеш да го избираш, или за начинот на сообразување со природата за да ти врати ако и дадеш.

На Атиџе веќе и фали дружењето со екипата со која имаше социјализација која и недостигаше низ времето поминато сама со својата стара мајка. Но повеќе од се ќе и недостига окото на камерата кое три години и беше соговорник, сведок, и сопатник на тагата и радоста низ која минуваше. Како некој куќен дух заштитник на кого му се обраќаш кога си сам со себе.

Можеби и ќе добие нов покрив или и нова куќа на другиот крај од празнотијата можеби и работа во општината, ама таа нема да биде истата Атиџе. Дури и да остане тука каде што е. Затоа што со камерата замина и мајка и, а замина и магијата на филмот. Замина сонот, се раздени, сега стварноста има друг лик. Сега навистина е пусто. И надвор но и внатре. ќе останат само сеќавања на случките од камерата, зашто како што велат фоламџиите нешто не се ни случило ако не било снимено. Ќе се спомнува Атиџе на светлата од рекламите во САД и на убавините на Швајцарија и ќе и ја грее душата сознанието дека била дел од нешто големо и убаво. Но таа лично бргу ќе стане заборав за сите. Секако ќе и остане медот, ама некако нема да биде толку сладок како порано, за кратко.
Но таков е живото, краток, само уметноста е вечна.

The post Ни Атиџе нема да биде иста! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....