22:24 - 10 декември, 2025

Нема нови пари за газдите кои ја злопотребија државната помош

Додека се крои четвртиот пакет економски мерки, владините функционери се децидни дека работодавачите кои ја злоупотребија државната помош за исплата на платите, нема да добијат ниту денар. Гостувајќи на МТВ, премиерот Зоран Заев, рече дека бидејќи се работи за злоупотреба на јавни средства, газдите на овие компании нема да имаат право, повторно да аплицираат за некаква поддршка од државата.

– Триесет проценти од фирмите, чии што имиња беа јавно објавени, ги исплатија парите, а остатокот добија кривични пријави и за нив се води постапка во ОЈО. Тие добија средства од државата, а ги злоупотребија и со тоа автоматски го изгубија правото, повторно да аплицираат за некаква државна помош. Инаку, 90 проценти од фирмите кои добија помош за платите во април, мај и јуни, беа мали со 1 до 5 вработени – рече Заев. И вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на ТВ21 посочи дека е покрената тужба, против сите компании кои не им исплатија средства на вработените, откако земаа владина помош.

– Деновиве добив интересно прашање. Ме прашаа – ќе им помогнете ли на компаниите кои не им ги исплатија платите на работниците? Против сите компании кои не ги исплатија финансиските средства што ги земаа од државата е покрената тужба – истакна Битиќи.   

Инаку, колку ќе тежи четвртиот пакет мерки ќе зависи од ребалансот на Буџетот, а каде ќе бидат насочени антикризните мерки и финансиската поддршка ќе се знае неделава. Владата веќе најави дека новата финансиска поддршка, освен за плати и враќање на отпуштени работници во компаниите, ќе се однесува и на зголемување на потрошувачката моќ на одредени категории граѓани.

Бизнисмените, веќе подолго време апелираат дека помошта им е потребна и дека просторот за маневрирање им се стеснува. Повеќе од една третина од фирмите во земјава имаат блокирани сметки. Според, извештајот на Народна банка, во јуни биле блокирани сметките на 25.603 правни лица, или речиси 34 проценти од вкупниот број активни фирми во земјава. Појавата на ковид-19, само дополнително го зголеми притисокот врз бизнисите. Дополнителен тест за ликвидноста на македонските фирми, ќе биде и фактот што извозот е драстично опаднат и нема нови пазари. Корона кризата беше причина за најлошиот квартален економски раст на земјава во последните неколку децении.

Вицепремиерот Битиќи, уверува дека ќе нема еднострани чекори и дека интензивно се разговара со коморите и синдикатите. Тој, најави дека неделава ќе почне реализацијата на бескаматната кредитна линија преку Развојната банка, тешка 31 милион евра, дел од третиот сет на мерки. Владините функционери, откриваат и дека една третина од парите од еврообврзницата, се уште не се потрошени и тие ќе бидат основа за четвртиот пакет мерки. Државата во мај се задолжи со 700 милиони евра.

-Нема да позјамуваме за четвртиот пакет. Но, не велиме дека нема воопшто да се задолжуваме – рече премиерот Заев. Долгот во моментов изнесува 59 проценти од БДП и стратегијата според која не треба да надмине 60% може да биде ревидирана заради кризата.

The post Нема нови пари за газдите кои ја злопотребија државната помош appeared first on Слободен печат.


Нема нови пари за газдите кои ја злопотребија државната помош was first posted on септември 14, 2020 at 9:33 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....