-1.2 C
Скопје
05:34 - 19 декември, 2024

Нема граница за мигрантите помеѓу Македонија и Грција

Државните органи за безбедност немаат одговор како е можно големи групи на мигранти без проблем да ја преминуваат добро чуваната и оградена грчко-македонска граница. Мигрантите, искористувајќи поволни ситуации и слаба безбедност на јужната граница, успеваат да влезат во земјава и да транзитираат низ неа. Дел од нив, за жал умираат на патот до нивната цел, а дел пак завршуваат повредени во низа сообраќајќи кои се случија само во изминативе неколку дена.  Од полицијата велат дека ги преземаат сите неопходни мерки за спречување на обидите за илегален влез на мигранти преку македонско-грчката граница. Токму за овој регион и токму поради оваа проблематика постојано се продолжува кризната состојба.

Границата, освен македонската полиција, ја обезбедуваат патроли на АРМ и припадници на неколку сојузнички земји кои во Македонија имаат испратено екипи за спречување на илегалната миграција. Но, сепак мигрантите и тоа во последниот период во голем број, и во групи успеваат да ја минат грчко-македонската граница и да стапат во контакт со лица кои за одреден паричен надоместок ќе им организираат превоз до границата со Србија. Голем дел од мигрантите успеваат во намерата, но некои не. Јавноста е сведок дека за само седум дена во сообраќајни незгоди се повредени десетици мигранти кои со автомобили, комбиња или камиони се превезуваат од пограничните места.

Последната незгода се случи синоќа на магистралниот пат Радовиш – Штип кај селото Лакавица. Вкупниот биланс на повредени изнесува 11 мигранти. Засега се знае дека синоќа се судриле две возила „мерцедес” (во едното од нив се превезувале мигрантите), а по сударот возачот избегал од местото на несреќата.  Повредените мигранти биле згрижени во штипската болница, а како што велат од таму, тие денес ќе бидат тестирани дали се заразени од Ковид-19.

На 7-ми овој месец комбе со кочански таблички, управувано од возач од Кочани, во кое се превезувале поголем број мигранти, предизвика тешка сообраќајка на крстосницата во Струмица. Повредени беа тројца мигранти кои завршија во болница. Според очевидци, комбето се движело со голема брзина и удрило во три возила, од кои две биле паркирани. По несреќата, дел од мигрантите побегнале од местото на сообраќајката.

Неколку дена претходно, седум мигранти беа повредени откако ссе преврте комбе со битолски регистарски таблички на магистралниот пат Струмица-Валандово, кај крстосницата за селото Раборци. Пред извесно време 142 мигранта беа откриени во товарно возило „ман” на автопатот Гевгелија – Скопје. Возилото, со бугарска регистарска ознака, кое се движело со голема брзина, било забележано околу 05:40 часот. Полицијата се упатила кон него за да го запре и исконтролира, но не застанало и се упатило по стариот пат од село Милетково кон село Габрово. Набргу потоа возачот го сопрел возилото, а во камионот при преглед биле пронајдени мигрантите.

Но, не сите мигранти имаат среќа да бидат спасени. На 10-ти овој месец на местото викано „Врело“ крај Куманово, од патрола на Црвен крст бил пронајден починат M.Л.(22) од Пакистан. Причина за смртта на мигрантот засега е непозната.

Седумнаесет мигранти неодамна пронајде полицијата и на магистралниот пат Радовиш- Свети Николе. Откако беа приведени во станица мигранти беа пренесени во прифатниот центар „Винојуг“ крај  Гевгелија. Групата броеше 17 лица. На 21 јуни пак на магистралниот пат Штип – Велес кај место викано „Делисенска пруга“ во „порше каен“ полицијата пронајде 12 мигранти од Бангладеш, од кои шест биле малолетници.

Дека проблемот со мигрантите не е така мал и лесно решлив говори и ставот на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кој пред неколку дена рече дека покрај полициското засилување, ќе побара помош и од војската за запирање на влезот на мигранти во нашата земја преку планината Беласица.

– Јас имам намера да разговарам со министерството за одбрана, односно со Армијата, со цел зголемување на бројот на армиски припадници во овој дел од граничното подрачје – рече Чулев.

Запрашан дали некој ќе понесе одговорност што за неполн месец во Струмица се случија три тешки сообраќајни несреќи, во кои загина еден недолжен граѓанин и голем број мигранти се повредени, Чулев рече:

– Делот на полициската контрола на границата е во ингеренции на Регионалниот центар Исток, но и на Регионалниот центар Југ. Така е поставена границата на ова подрачје. Доколку таму не се запрат, тогаш тие доаѓаат на територија на СВР Струмица. Значи, ние ги преземаме сите мерки и активности за нивно спречување и на дневна база токму на планината Беласица постојано се враќаат големи групи на мигранти на грчка територија. Меѓутоа, кога ќе се вратат на грчка територија, пак, речиси, истите мигранти повторно влегуваат по други илегални патишта и потоа дел од нив, оние коишто успеваат се пречекуваат на подножјето на планината Беласица од лидери на криминални структури, кои подоцна со патнички моторни возила ги пренесуваат на северната граница. Имавме две-три сообраќајни несреќи во коишто имаше пренесувано мигранти. Значи, се работи за сообраќајни несреќи кои се расветлени, но дел од транспортерите не се фатени. Секторите за внатрешни работи Струмица и Штип преземаат оперативно активности во оваа насока за идентификување и пронаоѓање и мислам дека веќе има напредни оперативни сознанија за нивно идентификување и нормално е дека ќе биде покрената кривична одговорност за нив – одговори министерот за внатрешни работи.

ИНТЕРВЈУ Владимир Пивоваров: Криумчарите се во состојба да им ја земат и душата на мигрантите, само за да им ги земат парите

The post Нема граница за мигрантите помеѓу Македонија и Грција appeared first on Слободен печат.


Нема граница за мигрантите помеѓу Македонија и Грција was first posted on јули 13, 2020 at 2:02 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....