2.8 C
Скопје
17:01 - 24 декември, 2024

Не можеме превентивно некому да даваме боледување за коронавирус

Коронавирусот е како секое друго заболување и ако некој се разболе и ако лекарот му напише боледување, нормално е дека ќе оди на боледување, но превентивно работодавачите не може да ги пуштат вработените на платено отсуство.

Ова за „Слободен печат“ го изјави Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, во однос на препораката на Владата, две недели да не одат на работа луѓе што биле во критичните области во Италија, во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореја, Сингапур, Тајван, или кои биле во контакт со некој што патувал во тие области.

– Ако така им даваме отсуство, можни се злоупотреби. Германија, на пример, препорача на овие луѓе да им биде дадено платено отсуство. Иако за нас и ова е проблематично. Можно е некој да си земе платен одмор со изговор дека стравува од коронавирус кога нам најмногу ни требаат работници, односно кога имаме најмногу работа, а тој приватно да си работи во тој период нешто друго. Работниците плаќаат здравствено осигурување токму за да бидат осигурани кога ќе се разболат. Не може сега државата на штета на работодавачите да го штити Фондот за здравствено осигурување – вели Димитров.

Димитров објаснува и дека за оваа препорака на Владата, разбрал од медиумите, односно дека никој не ги контактирал работодавачите, ниту им пратил писмена препорака.

Организацијата на работодавачи е социјален партнер во Економско-социјалниот совет како трипартитно тело во кое се воспоставува дијалогот меѓу Владата, работодавачите и синдикатот.

И од Бизнис конфедерацијата, која исто така работи на развојот на трипартитниот договор, сметаат дека е неспроведлива препораката на Владата на работа да не одат оние што патувале во земјите во кои има повеќе случаи на коронавирус.

– Ако се почитуваат сите закони и прописи, на оваа препорака треба да се заборави. Ако зборуваме за медицински стандарди за карантин, тој треба да биде 40 дена. А ако некој мисли на некого да даде, иронично би кажал одмор од две недели, затоа што бил на некое патување, прашање е како тоа ќе се регулира со боледување. Отсуство поголемо од 30 дена, пак, според регулативата е на товар на државата, а не на работодавачите – вели Бошков.

Тој исто така смета дека оваа препорака е особено дискутабилна за оние што одат на службени патувања.

– На службено патување се оди со службена цел. Значи некој бил некаде пратен затоа што фирмата имала потреба за тоа. Многу е дискутабилно работникот по враќањето од некое патување, да не може да оди на работа, да го спроведе искуството од странство за кое е испратен или да не може да го спроведе договорот со странскиот партнер – вели Бошков.

Сојузот на синдикати на Македонија во своето соопштение ги повика државните институции и работодавачите да ги преземат сите мерки за заштита на безбедноста и здравјето како на вработените така и на сите граѓани.

The post Не можеме превентивно некому да даваме боледување за коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....