1.8 C
Скопје
05:51 - 23 ноември, 2024

Национал: Јоца Амстердам проговори, зад убиството на Пуканиќ стои Мило Ѓукановиќ

Хрватски Национал во новиот број пишува дека поседуваат снимка од телефонски разговор во која Сретен Коциќ наречен Јоца Амстердам наводно зборува за улогата на Мило Ѓукановиќ во убиството на Иво Пуканиќ. На снимката, пишува Национал, Јоца Амстердам објаснува зошто претходно не го посочил Ѓукановиќ.

„Ексклузивно: 12 години по убиството на Иво Пуканиќ изненадувачки се појави аудиоснимка од затвор која укажува на нарачателите на атентатот“.

Јоца Амстердам, неосудениот организатор на атентатот на Пуканиќ првпат укажа на нарачател. Тоа е Мило Ѓукановиќ“, пишува на насловната на новиот Национал.

Станува збор за снимен разговор, кој, како што пишува Национал, е воден во сосема друг контекст. Во него во еден момент Јоца Амстердам, кој се уште е во затвор, наводно контатира дека можел да биде слободен човеч ако проговори за улогата на црногорскиот претседател во оваа приказна.

Пред неколку дена се навршија 12 години од смртта на еден од главните луѓе на Национал Иво Пуканиќ и Нико Фрањиќ. Вечерта на 23 октомври 2008 година на паркингот во дворот на зградата на аголот на улиците Палмотиќева и Стара Влашка во Загреб експлодираше мотоцикл оставен покрај автомобилот.

Полицијата врши увид на местото на убиството на сопствениокот на Национал Иво Пуканиќ и неговиот соработник/ Загреб, Хрватска/ 23 October 2008 Фото: EPA/STR

Сторителите брзо се пронајдени, уапсени и осудени. Нарачателите на убиството до ден денеска се непознати.

The post Национал: Јоца Амстердам проговори, зад убиството на Пуканиќ стои Мило Ѓукановиќ appeared first on Слободен печат.


Национал: Јоца Амстердам проговори, зад убиството на Пуканиќ стои Мило Ѓукановиќ was first posted on октомври 27, 2020 at 8:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....