1.8 C
Скопје
17:02 - 23 декември, 2024

Најсмртоносните места за време на пандемијата: Дали од оваа причина северна Италија најмногу настрада од коронавирусот?

Новиот коронавирус може да се пренесе на голема оддалеченост преку микроскопски честички, кои го загадуваат воздухот, заклучи група на научници од Италија, кои сметаат дека не е случајнот што епидемијата на Ковид-19 изби во загадени средини.

Прв пат од почетокот на епидемијата е забележан поголем број на излечени отколку заболени од коронавирус во Италија. Додека властите размислуваат за враќање на жителите на Италија на работа, новото истражување предупредува на уште еден ризик поврзан со Ковид-19.

Според тоа истражување, вирусот би можел да биде многу позаразен отколку што се мислело. Според зборовите на италијанските научници, вирусот е откриен на таканаречени суспендирани честички, односно микроскопски честички кои го загадуваат воздухот, а се посебно концентрирани во индустриски области.

Во истражувањето кое е објавено во Меѓународниот магазин за истражување на животна средина и здравје на жителите, научниците на сите им препорачуваат да носат маски, бидејќи како што кажуваат, без нив два метри оддалеченост на јавни места не е доволно.

Професорот Приско Пишители од Универзитетот во Наполи и неговите колеги сметаат дека микроскопските честички можат да го пренесат вирусот на голема оддалеченост. Тие ја проучувале индустриската област околу Милано, каде е забележан најлош квалитет на воздухот во Европа. Меѓутоа, тоа е воедно и еден од регионите со најголем број на заразени и починати од Ковид-19.

Според зборовите на професорот Леонард Сети, не е случајност тоа што низ целиот свет епидемијата одзеде најмногу животи во индустриските области, како што се Вухан и Њујорк.

Научниците истакнуваат дека уште не дошле до заклучок во која мера е заразен вирусот кој се пренесува преку загадувачките честички, но дека истражувањето е во тек. Тие предупредуваат дека единствено решение е засилување на превентивните мерки – задолжително носење маски, социјална дистанца и намалување на загаденоста на воздухот.

Професорот Пишители истакнува дека е потребно да се држат емисиите на суспендирани честички на ниско ниво, дека тие се опасни за нашето здравје.

Научниците предупредуваат дека во индустриските зони ризикот од заразата е поголем „но каде и да се наоѓаме не можеме да знаеме што вдишуваме“.

– Ако се наоѓате во опкружување на други луѓе, секогаш носете маска, предупредуваат научниците.

The post Најсмртоносните места за време на пандемијата: Дали од оваа причина северна Италија најмногу настрада од коронавирусот? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....