Корона вирусот може да се пронајде во воздухот и во момент кога пациентите не се во собите за изолација.
– Идентификувавме примероци на гени во воздухот, со што се потврди приоритетот за заштита на дишните патишта.
Во студијата се користени примероци од воздух во 11 болнички соби во кои била откриена голема концентрација на КОВИД – 19. Научниците анализирале и примероци земени од ходниците надвор од просториите низ кои постојано се движат вработените во болниците, и тука примероците биле позитивни.
Истражувачите рекле дека студијата не може да процени дали пронајдените примероци во воздухот се заразни, но со овој доказ се зголемува потребата од заштитна опрема за медицинските лица се додека не излезат потврдени наоди на оваа тема.
Коавторот на студијата, Џошуа Сантарпија, вонреден професор за патологија и микробиологија на Медицинскиот центар во Небраска, вели дека оваа студија ќе допринесе за одредување соодветни мерки на претпазливост за здравствените работници и за сите оние кои се грижат за родителите за време на пандемијата со корона вирусот.
Истражувањето исто така ќе помогне да се разбере пренесувањето, а со тоа и да се изнајдат начини за зајакнување на безбедноста и негата за пациентите кои се заразени од оваа болест.
The post Најново истражување за КОВИД – 19: Научници пронајдоа траги од вирусот онаму каде што најмалку очекуваа appeared first on Слободен печат.