5.8 C
Скопје
07:11 - 1 април, 2026

Најнеобичните закони во светот: Еве каде вашето магаре не смее да спие во када, каде не смеете да се појавите во оклоп или да правите замоци од песок

Законите се прифатени и правно обврзувачки правила кои покажуваат што е забрането, а што дозволено и ги уредуваат односите меѓу жителите и државата, но и помеѓу самите жители. Законите варираат од земја до земја, иако повеќето се слични, сепак постојат и закони ширум светот кои звучат прилично чудно.

Во американската држава Аризона е забрането да оставите магаре да спие во када.

Ако имате куче во италијанскиот град Торино, тогаш според закон морате да го носите трипати дневно на прошетка.

инстаграм

Во Јужноафриканската Република не е дозволено да се борите со мечки, што е многу чуден закон со оглед на фактот дека во оваа земја воопшто нема мечки, а веруваме ниту луѓе кои доброволно би се бореле со нив.

Доколку во Јужна Австралија намерно се обидете да саботирате венчавка, тоа може да ве чини 10.000 долари и две години зад решетки.

Во градот Ла Паз во Боливија на омажените жени им е дозволено да нарачаат само едно чаша вино во ресторан или бар.

инстаграм

Според законот од 1313 година, кој се уште е на сила, во Британскиот парламент е забрането да влезете во оклоп.

Во Сингапур мастики може да набавите единствено во аптеките и тоа со рецепт од доктор во кој пишува дека тие ви се потребни поради терапевтски цели.

Жителите на Монако не смеат да се коцкаат во казината на Монте Карло.

инстаграм

На некои плажи во Шпанија е забрането да градите големи замоци и скулптури од песок.

Во Шри Ланка ќе платите казна доколку направите селфи пред статуата на Буда.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....