Хоакин Феникс, кој на доделувањето на Оскарите освои Оскар за најдобар актер за извонредната главна улога во еден од најпопуларните филмови „Џокер“, е голем фан на Атиџе, вели еден од кинематограферите на „Медена земја“, Самир Љума.
„Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе, како и Тод Филипс, режисерот на Џокер, но и уште многу други кои беа воодушевени од филмот. Се надевам дека ќе ги објавиме и фотографиите од тие дружби, порача Љума.
На прашањето дали би работеле заедно повторно, режисерката Тамара Котевска рече дека прво ќе работат со Атиџе на пчелите, па потоа ќе видат дали имаат нов заеднички проект. Екипата на „Медена земја“ на денешната прес конференција исто така изјави дека не се разочарани од Оскарите.
The post Најдобриот актер на годинашниве Оскари, Хоакин Феникс е голем фан на Атиџе appeared first on Слободен печат.