6.8 C
Скопје
19:27 - 19 ноември, 2024

Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба (ФОТО/ВИДЕО)

Во јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна.

Нагасаки по експлозијата

Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од тој трагичен, катастрофален настан апелираа до светските лидери да се вклучат повеќе за да се забрани нуклеарното оружје ширум светот.

Точно во 11.02 часот по локално време, во исто време кога американскиот бомбардер Б-29 исфрли атомска бомба врз Нагасаки пред 75 години, преживеаните од американското нуклеарно бомбардирање и бројни гости им оддадоа почит на сите жртви со минута молчење.

Бомбардирањето на Нагасаки на 9 август уби 70.000 луѓе, а само три дена пред тоа, првата атомска бомба беше фрлена на Хирошима и однесе дури 140.000 животи. Шест дена подоцна, на 15 август 1945 година, Јапонија потпиша капитулација, со што заврши Втората светска војна.

Американски војници слават што Јапонија се предала, неколку дена откако САД ги бомбардираше Хирошима и Нагасаки со атомски бомби / 15 август 1945 / Фото: Rights-managed, Restrictions: Restriction: Editorial Use Only, Model Release: no, Credit line: Keystone Archives / Heritage Images / Profimedia

Многу преживеани настрадаа од карцином и други болести затоа што беа изложени на радијација и лоши услови за живот во разурната, повоена Јапонија.

Жртва на атомската експлозија во Нагасаки / 6 октомври 1945 / Фото: 1945.,Image: 277568649, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: akg-images / AKG / Profimedia

Градоначалникот на Нагасаки, Томихиза Тау, прочита мировна декларација во која изрази загриженост за нуклеарната закана. Тој, исто така, побара од Владата на Јапонија итно да се приклучи на договорот за забрана на нуклеарно оружје, оценувајќи дека светот е во поголема опасност од нуклеарен конфликт.

Прочитајте детално за атомското бомбардирање над Хирошима и Нагасаки ТУКА.

Незамислив ужас: 75 години од нападите со атомски бомби врз јапонските градови (ФОТО+ВИДЕО)

The post Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба (ФОТО/ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба (ФОТО/ВИДЕО) was first posted on август 9, 2020 at 9:08 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....