Освен радоста, снегот оваа зима во село Дивље донесе и наезда на инсекти од непозната природа, јавува Телевизија 24.
Никогаш досега ваква слична појава не е забележана од страна на жителите, кои деновиве стравуваат, бидејќи не знаат дали овие инсекти носат опаснаст за нивното здравје. Ги има насекаде, низ целото село, велат, во домот се уште не влегуваат но ги има во подрумските простории.
Паниката помеѓу жителите на Дивље ја смируваат биолозите, велејќи дека станува збор за бескрилни инсекти кои може да бидат водни или сувоземни, а се распостранети насекаде низ Европа и светот, без опасни за човекот и животната средина.
Појавата на колембеоли во Македонија во блиското минато не е забележанa, но зголемената влажност и високите температури во зимскиот период, наспрема сувата есен која оваа година ја имавме, се идеална подголга за нива појава.
The post Наезда на мистериозни бубачки во скопско Дивље ги исплаши жителите appeared first on Слободен печат.