20.8 C
Скопје
20:06 - 29 април, 2024

Ѕидот на Трамп со Мексико не ги издржа силните ветришта (ВИДЕО)

Новопоставените панели на американскиот пограничен ѕид со Мексико вчера се срушија, наслонувајќи се на дрвја од мексинанската страна. Таа зона е дел од тековниот градежен проект за да се подобрат постоечките делови на ѕидот.

Агентот Карлос Пајтонс од Секторот за царински заштити од Ел Центро (Калифонија) рече за Си-Ен-Ен дека тие делови од ѕидот неодамна се поставени во нови бетонски темели. Меѓутоа, поради тоа што бетонот се уште не бил стегнат, според Пајтонс, ѕидните панели не можеле да стојат и да ги издржат ветровитите временски услови.

Националната метеоролошка служба известува дека ветерот бил со силина од 59 километри на час. Видеото во прилог, ги прикажува металните панели кои се наслонуваат на дрвја од мексинанската страна, додека ветрот подигнува прашина од другата страна на границата.

– Благодарни сме што немаше оштетувања на нечиј имот или повреди – посочи Пајтонс.

Царинската и гранична заштита вели дека локалните мексикански официјални лица го пренасочиле сообраќајот од подрачјето на несреќата, а агенцијата сега соработува со мексинанската влада во врска со следните чекори. Пајтонс рече дека во моментов не е познато колку ќе трае прекинот на градежните работи во тоа подрачје да се овозможи чистење.

Во период од три години од неговото владеење, Трамп се соочи со низа на правни и логистички предизвици. Дури и со финансирањето, администрацијата ќе мора да се бори со приватните сопственици на земјиштата чиј имот може да биде одземен за изградбата на препреката долж границата.

За тоа време, Трамп настојуваше да извлече стотина милони долари од неколку владини сметки додека неговата администрација најверојатно ќе гради бариера долга 450 милји до претседателските избори. Претходно овој месец, управата соопшти дека ѕидот достигнал 100 милји, од што поголемиот дел од панелите се заменети со нови со унапреден дизајн, а околу половина милја ѕид е изградено во долината Рио Гранде, каде ѕид воопшто не ни имаше претходно.

The post Ѕидот на Трамп со Мексико не ги издржа силните ветришта (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....