20.8 C
Скопје
14:27 - 26 април, 2024

На коронавирусот не се имуни ниту политичарите- Бајден и Сандерс ги откажаа митинзите, заболена британската министерка за здравство

Британската министерка за здравство Надин Дорис, е заболена од новиот коронавирус. Таа се разболела во петокот, а вчера било  констатирано дека е инфицирана со Ковид-19. Министерката се наоѓа  во изолација и се опоравува.

Стравувањата се  дека таа се сретнала со стотици луѓе во изминатите денови и дека  била на прием со премиерот Борис Џонсон, што не ја исклучува можноста таа да го пренесла вирусот и на останатите преставници на бртианскиот државен врв.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се тестирал за коронавирус и прецизираше дека нема симптоми на болеста, како и дека бил прегледан од лекар во Белата куќа.

Трамп и натаму е со став дека коронавирусот не е многу важно прашање и дека се чуствува исклучително добро,За потсетување, пет американски членови на Конгерсот од вчера се во самоизолација, а најмалку двајца од нив се ракувале и контактирале со американскиот претседател Доналд Трамп по изложеност на коронавирусот.

Водечките претседателски кандидати на Демократската партија Берни Сандерс и Џо Бајден ги откажаа нивните предизборни митинзи во Охајо поради загриженоста од коронавирусот. Ова се први откажувања на митинзи во претседателската трка како резултат на коронавирусот кој брзо се шири во Соединетите држави со над 800 заразени и 28 починати. Претходно во Охајо беа регистрирани првите три случаи на коронавирус и веднаш беше прогласена вонредна состојба.

Во меѓувреме Гувернерот на американската држава Њујорк Ендрју Куомо објави дека испраќа припадници на Националната гарда во Њу Рошел, епицентар на епидемијата на коронавирус во таа држава. Таму живеаат околу 80.000 луѓе, а Националната гарда ќе биде задолжена да ги снабдува, како и да ги дезинфицира установите и училиштата. Според последните податоци, само во Њу Рошел имало 108 потврдени случаи на коронавирус од вкупно 173 во целата држава Њујорк. Во САД имаат потврдено над 800 случаи на короновирус од кои починале 28 луѓе.

Од регионот , Турција потврди прв случај на заразен со новиот коронавирус. Станува збор за човек кој се вратил од Европа, но засега не се откриваат детали ниту од која земја допатувало лицето.

Во Србија се потврдени уште седум случаи на заразени со новиот коронавирус, со што се зголеми бројот на заразените на 12,

Од седумте нови случаи, пет се поврзани со две жени за кои се покажа дека се позитивни по директен контакт со државјанин на странска земја додека останатите два случаи беа потврдени по нивни престој и контакти со лица во странство – во Италија и Германија.

Сите овие извештаи само укажуваат дека коронавирусот се заканува да прерасне во пандемија од светски размери. Иако се е охрабрувачки информациите намалување на бројот на заболените во светското жариште на вирусот Кина, се чини дека сега од  последиците на веќе проширениот вирус Ковид -19,  ќе треба да се справи остатокот од светот.

 

The post На коронавирусот не се имуни ниту политичарите- Бајден и Сандерс ги откажаа митинзите, заболена британската министерка за здравство appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....