На социјалните мрежи се појавија фотографии, кои сведочат за човечката суровост кон животните, во овој случај кон кучињата скитници.
На фејсбук групата „Мојата Преспа, мојот Ресен“ осамнаа фотографии на кои се гледаат лешови на кучиња расфрлани среде дива депонија во Преспа.
Жителите кои секојдневно се таму, велат дека повеќе не можат да замижат за овој проблем кој постои со децении и бараат одговорнот од градоначалникот на Преспа.
„Мртов отпад низ Преспа, реа на гнили кучиња!“, „Ова е жива болест“, „Културата на нашиот народ“, „Каков народ, таква држава, никаква култура и никаква еконошка совест и никаква грижа за околината“, се само дел од коментарите напишани од гневните граѓани на самата објава на фејсбук.
The post Мртви кучиња расфрлани среде Преспа (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Мртви кучиња расфрлани среде Преспа (ФОТО) was first posted on септември 25, 2020 at 8:21 am.