1.8 C
Скопје
01:33 - 28 ноември, 2024

Може ли Зоран да биде Вили во балканското гето?

Што значи тоа кога се вели дека нам ни е потребно етничко помирување? И дали потоа ќе може да живееме како „сиот нормален свет“? Не е лесно, ама може да го прикажеме примерот на Африка, која долго беше перципирана како земја со „етнички конфликти“. Добро, можеби примерот со Африка не е соодветен за „нашиот човек“, можеби сите сме во филмот на „фенси-шменси“ дискурси, можеби на сите ни се мили примерите на Данска и Холандија, или можеби Германија и Франција, ама сепак, не е на одмет да се вратиме повторно на некои „базни станици“ и да видиме што сме имале на некои други делови во светот кои никогаш не биле дел од нашата свест и поимање за работите и феномените во политиката.

Во 2019 година, Нобеловата награда за мир ја доби премиерот на Етиопија Абиу Ахмед за помирувањето со Еритреја по неколку децении војна. Потоа Руанда, погодена од трагедијата на геноцид од деведесеттите години, а денес е реинтегрирана нација, економски напредна, од неодамна и туристичка дестинација. Етиопија, Еритреја и Руанда, како приказни за тешко ранети постконфликтни општества, влегуваат по малку во глобализацискиот процес од заедничкиот наратив на помирувачката култура. Притоа се приклучуваат со популаризираните случаи, по примерот на Северна Ирска и евроинтеграциите кои ги предводи Германија и Франција, непријатели во неколку војни, а денес сојузници и главни столбови на Европската Унија.

Слободно може да кажам дека во овој наратив денес ја има и Северна Македонија: договорот од Преспа и Договорот со Бугарија мора да нè стави на мапата на земји кои се влезени во помирувачката култура на Балканот. Не велам дека ние како земја може да се споредуваме со Германија или со Франција, но велам дека намерата на оваа влада и на премиерот Заев е дел од таквиот процес; од друга страна, не велам дека Заев е Вили Брант, ама велам дека Северна Македонија може да биде пример за нов оптимизам во Европската Унија и дека конечно непријателите може да се помират, а напатениот балкански народ конечно да живее како сиот нормален свет.

Како може да се приближиме едни на други? До помирување може да се дојде со мали и секојдневни симболички гестови. Да речеме, добра идеја би била Заев и Борисов да покажат добра волја и со заедничко покажување пред телевизиските камери, со заеднички изјави. Потоа, со заеднички комеморации на места кои будат сеќавања, зборови на сочувство за жртвите од минатото. Најпосле, добри би биле и изјавите што го осудуваат насилството и шовинистичките инциденти, без разлика каде се случиле. Сакам да кажам дека тезата за „историските контроверзии“ мора да биде искрена.

Историски контроверзии имаат сите нации, а такви контроверзии има и нашата и бугарската нација. Важни нации таквите контроверзии ги поминуваат како што се поминува грип – не дај боже ковид! – или настинка. А неважните нации од таквите историски контроверзии може да умрат. А кога нации ќе влезат во меѓудржавен историски конфликт и кога ќе почнат да се расправаат за идентитетски политики, прво, тоа значи дека тие нации не се довршени, имаат неартикулирани идентитети, заплеткани во историски територијални конфликти, градат меѓу себе ѕидови и предрасуди, формираат општество од секташки карактер (на пример: Израел – Палестина; Индија – Пакистан, потоа Шри Ланка, Кипар, Северна Ирска итн.).

Денес Северна Македонија и Бугарија изгледаат како формирани етнички нации, кои меѓусебно се признаваат и не мислат да експериментираат со „нова Југославија“ за која Бугарија тврди дека била главен проблем, па според тоа, логично би било да се помириме.

Што се однесува до Германија и Франција, нив не им беше потребно 27 години за да почнат да мислат на помирување. Напротив, Франција и Германија по Втората светска војна се помирија додека го изговорите зборот „денацификација“. Околностите им беа поволни затоа што на власт не беа екстремни националисти – поразената страна во тукушто завршената војна. Национализмот во тоа време беше историски декласиран, а антифашизмот беше прифатен како цивилизациска вредност. Потоа им следуваше влез во НАТО, а 12 години по Втората светска војна, Франција и Западна Германија се главни во членството на Европската Унија за јаглен и челик.

Јакнење на умерените сили

Што треба да направат владата на Заев и владата на Борисов? Подобро би било да го заборават примерот со Германија и со Франција и нека се обидат да го истражат примерот со Северна Ирска, иако е многу тешко тоа да се постигне што го постигна Северна Ирска и целиот ирски остров во економска смисла, во развој и помирување по триесетгодишниот конфликт од „Времето на неволји“ и спроведување на Мировната повелба од 1998 година.

Мене, Зоран Заев, барем гледајќи ги неговите намери и делувања во политиката, ми личи на Вили Брант. Мислам дека е спремен да изнајде решение со Бугарите ѝ да ги реши историските гревови за кои самиот не е виновен. Од друга страна, Заев има еден проблем: опкружен е со националисти, а тоа Европа мора да го види! Мора да го види бидејќи и самата сведочи на својата историска подлога: темелот на Европа е антифашизмот.

Европа е изградена на помирување и антифашизам. Помош мора да му стигне од двата најголеми столба, а тоа е Германија и Франција. Многу би било наивно да помислиме дека националистите, па дури и кога би сакале, не би знаеле како да се помират. И треба да сфатиме: не само во нашата земја, туку и на целиот Балкан – мора да ги јакнеме умерените сили што ќе влезат во отворен конфликт со радикалните.

Дури спремен сум да одам до крајност: оние политичари што нужно инсистираат на помирување, пријателство и соживот, еден ден, сигурен сум – ќе добијат Нобелова награда. А народите на овие простори конечно ќе добијат шанса да живеат како сиот нормален свет во времето кое релативно кратко им остана.

The post Може ли Зоран да биде Вили во балканското гето? appeared first on Слободен печат.


Може ли Зоран да биде Вили во балканското гето? was first posted on септември 27, 2020 at 11:09 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....