17.8 C
Скопје
11:16 - 22 октомври, 2026

Последната желба на Ведрана Рудан: Писателката откри со чии стихови сака да е погребана

ведрана рудан

Ведрана Рудан во својата нова колумна отворено сподели детали за нејзината моментална здравствена состојба, откривајќи дека би сакала на нејзиниот погреб да се пуштат песни од легендарниот музичар Џони Кеш.

Ведрана во најновиот емотивен и искрен текст се осврна на сите пречки кои ѝ ги донесе тешката болест.

„Беше недела. Само што се вратив од болница. Доцна попладнето на врата ми дојдоа децата и внуката. Мојот сопруг ме држеше за рака на каучот и ме прашуваше на секои пет минути како сум и дали ми треба нешто. Се одморивме по ручекот што тој го приготви. Син ми го испече мојот омилен колач, принцези, но без шеќер, без глутен, без… Беа супер и без. Па ми ги подаде слушалките и ми објасни како, ако ракот повторно ме зафати, ќе можам во болница да уживам во „Аба“, Габи, Јасна Злокиќ, Оливер и оној кој секогаш ме расположува – Џони Кеш. Да може, некој да ми го пушти на мобилен на погребот“, напиша Ведрана.

Рудана продолжи да споделува детали од семејната дружба.

„Остани позитивана, ми велат сите. Ја гледав ќерка ми како се крева горе кон приземјето. Правосмукалката рикаше. Син ми по стоти пат ми објаснуваше како функционираат слушалките, внука ми стоеше на шпорет и ми го готвеше омиленото јадење, ориз со млеко. Мајка ѝ ја советуваше: „Само полека, на тивок оган, баба сака оризот да биде како крем“, продолжи таа.

Писателката откри и дека живее во стан од седумдесет квадрати, кој и покрај пишувањата во медиумите не импресионира со својот луксуз.

Слични објави

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо

(Фото) Откако тајно се венчаа по 12 години љубов, Реља откри дали Николија го земала неговото презиме

К.С.

(Фото) Ирена Спировска во златен фустан на свадбена прослава — водителката позираше покрај саканиот Душко

К.С.

Хороскоп за 22 октомври: Скорпиите ќе бидат расположени, Јарците ги очекува средба со најблиските

Еспресо

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо
Се вчитува....