4.8 C
Скопје
03:30 - 21 декември, 2024

Мој до моега

Си го тупам мозокот кога треба да пишувам комумна, како да биде горе-доле избалансирана идеолошки и да не навредува директно никого од политичките играчи, зашто какви-такви зад нив стои-народ.
И тогаш ќе прочитам „колумна“ во која авторот го „заболе“ за речникот, за правилата на почитување на личноста на „другиот“, за аргументи…
Тогаш си велам, колку е лесно да се биде партиски новинар! Треба само безмерно да ја сакаш партијата и безрезервно да му веруваш на лидерот. И второ, да имаш незаситна потреба да го мразиш политичкиот противник-до даска.
За поновата новинарска генерација не е ни чудно. Поголемиот број т.н. новинари- опозиционери друго време од вмровското и не познаваат. ВМРО ДПМНЕ владееше повеќе од деценија. Тие и како средношколци па и како студенти, само за таа власт знаат. Веројатно и по дома сите сакале, не сакале биле за ВМРО ДПМНЕ. Кога дипломирале и се вработиле во некој од медиумите, на власт сеуште била ВМРО ДПМНЕ.

А системот на оваа партија е од луѓето да создава „мразачи“. Да ги мразат сите оние кои не мислат како нив. За нив сите такви се „предавници на националните интереси“. Чист комунизам!

Ваквото мото им го вбризгаа и во кодот на значителен број новинари.
Е сега тука има мала потешкотија, треба да знаеш како да мразиш. Зашто може да залуташ, па да мразиш на погрешен начин. Затоа вмро дпмне си има свој „центар за мразење“.

Тој центар поставува уредници, задолжени за канал-изирање на интензитетот и темата на мразење или критикување. Едениот тип уредници се повисока класа, со повисоко ниво на самосвесна омраза кон непријателот, додека другата категорија се т.н. ЧЕКАЧИ. Овие вториве не знаат што треба и кога треба да се мрази и затоа имаат повеќе телефони до нив од кои не се делат. Тие чекаат спремно во секој момент да им се јават „одозгора“ и да има кажат: Мрази! Не е важно дали тоа ќе бидат лажни вести, полувистини или плуканици за функционери, особено жени, за експерти, новинари, судии, …

Сите овие имаат едно заедничко, по својата партија не маваат. Велат „зошто да критикувам кога се сложувам со она што партијата го прави. Мое е само да го бранам тоа“. Тоа е така без разлика дали се на власт или во опзиција.
Вестите им се плукачки, коментарите чисто одбранашки. Гостите во емисиите до последен им се – „МОЈ ДО МОЈЕГА“!
Кои се тие? Ваши ли се, нечии, или ничии? Треба ли да ги сфаќаме како експоненти на партијата? Не знаеш на чија идеологија и припаѓаат! „Некоја“ ВМРОВ-ска??!
Ако не се ваши, или оградете се од нив или не ги пуштајте да прават хаос. Немојте да мислите дека ви вршат работа!
Тие за себе велат партиски претставнници – не се. Но имаат ли „изим“ да ламентираат за теми за кои не го знаеме дури ни ставот на партијата. Или партијата намерно ги „гори“ за „тие“ да останат чисти. Поимот објективност не им близок ниту до јазикот ниту до умот.

А ОД ДРУГИТЕ БАРААТ ДА БИДАТ ОБЈЕКТИВНИ!

Па кај го има тоа бре луѓе!

За волја на вистината и овие другите, СДСМ-овски новинари исто така не ги „мирисаат“ вмровците. Но бидејќи не се водени од еден центар, често пати „застрануваат“, па толку ќе се издигнат што ќе „забегаат“ и стануваат суетни „новинари- советници“ кои сонуваат да бидат- Премиери во сенка. Затоа не е лесно да си новинар, омилен кај СДСМ. Освен ако немаш некое педигре од минатиот, или од пред, пред минатиот систем. Тогаш си вечен. Дополнителна заебанција може да биде што има и повеќе струи во партијата па може да заглавиш во „погрешната“. Тогаш си „н**бал“.

Ама сепак имаат една предност, знаат да бидат и доста критични кон „својата“ партија, зашто имаат некое вродено чуство за баланс. Ниеден СДСМ-овски Премиер не поминал мазно ниту кај најзакоравените СДСМ-овски новинари или уредници. Можам да кажам и дека им било нелагодно од прашањата. Дури и кога интервјуто е „договорено“. Пропагандата на опозиицјата одамна ја има сфатено оваа „аномалија“ на провладините медиуми и затоа партиските функционери на ВМРО ДПМНЕ не изоставаат да бидат гости во медиуми за кои и самите велат дека се СДСМ-овски. Така медиумски се во предност. Резултатски се еден ипол : пола, како во шахот. Еден поен дома кај своите и пола кај опонентите.

Но и едните и другите не ги поднесуваат оние новинари кои сакаат да бидат „независни“.(овде секако не мислам на идеализираниот термин „независни“ зашто такво нешто не постои).
Тие со ништо не им влегуваат во шема. Не можат сосема да се ослонат на нив кога е „најкритично“ за државата.
Зошто е тоа така! Затоа што во новинарската фела има внатрешна дебата. Да бидеш „на линија“ ама да не бидеш полтрон.
Тие не прават лажни вести. Не шпекулираат. Бараат потврда од другата страна. Не слушаат без поговор. Затоа и многу се нервираат кога не наидуваат на разбирање од „своите“ кои постојано молчат, па информациите мораат да ги прибираат од втора рака, од опозициските „лажни вести“ или од нивните критики. Или пак од партиите на Албанците. Новинарите блиски на партиите на Албанците секогаш први дознаваат. Да не се тие за информација ќе чекаме на досадните прес конференции на кои ништо ново не се соопштува. На прес никој и не оди. Одат само оние што имаат да прашаат нешто друго, надвор од темата. Затоа пресовите често пати се само деманти на нешто претходно објавено.
Затоа вие од власта, давајте ИНФОРМАЦИИ! Навреме. Предвреме. Дури и кога вам не ви конвенираат. Само така ќе ги пресретнете ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ!

The post Мој до моега appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....