5.8 C
Скопје
00:17 - 20 ноември, 2024

Мицкоски најавува протести, наместо суштинска дебата, кога Македонија чека позитивни сигнали за членство во ЕУ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по изборот на новата Влада, на премиерот Зоран Заев му порача дека го очекува жешка есен и дека народот на улица со протести брзо ќе го бутне. Партискиот лидер Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека на рати, со многу труд и на улица ќе ја рушат старо-новата влада.

– Оваа Влада нема иднина и ќе падне пред завршетокот на својот мандат со граѓански протести и мора секој да биде свесен дека нема брзи погледи против ова зло, туку долга битка за слобода и правдини заедно со европска иднина.Ова не е само моја битка туку е битка на народот против неодговорната и криминална влада, рече Мицкоски

Ваквите најави на опозицијата доаѓаат токму во моментот кога се очекува ЕвропскатаУнија да ја утврди преговарачката рамка за Македонија. Имено, на 8 септември, токму на Денот на независноста, се очекува првата интернет расправа за членството на Македонија во ЕУ, а во декември треба да се одржи и првата меѓувладина конференција.

За тоа како гледаат на најавените протести земјите-членки на Унијата од кои очекуваме согласност Македонија да ги почне преговорите, Слободен печат разговараше со заменик уредникот на Дипломатскиот летопис, Димитар Белчев и Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Според поранешниот дипломат Белчев, во пресрет на двата важни настани, првиот 8 септември, кога земјите членки на ЕУ ќе пристапат кон рамката за преговори и вториот, меѓувладината конференција кон крајот на годината, треба да покажеме кохезија во општеството, бидејќи сите членки немаат ист став кон желбите на Македонија за започнување на преговорите во текот на оваа година. Тој порачува дека како оштество треба да се погрижиме да не дадеме повод некои од членките да искажат резерва.

– Искуството не учи дека секоја искажана резерва значи и изгубени месеци. Мора да се искористи моментот на направениот радикален пробив во изминатите 3 месеци кон враќање на статусот на Македонија кој некогаш го имаше. Да се потсетиме дека во моментот кога Македонија ја потпишуваше Спогодбата за асоцијација и стабилизација ниту една земја од регионот не беше близу до тој стаус. А годините изминаа. Една од нив е веќе членка на ЕУ, две од нив се многу напред во преговирите. Одземањето на иднината на младите поколенија би бил погубен потег. Затоа општествотго во овој момент мора да покаже зрелост, да го препознае моментот и секој во својот домен да даде придонес за градење на клима на консензус и на соработка. Повлекувањето во тесните партиски агенди со занемарување на моментот, не дава слика на свесност за сериозноста. Очекувам како и во слични сутуации дека мнозинството во Македонија ќе се определи за рационалниот пристап и ќе ја искористи шансата што ни се отвора, вели Белчев за Слободен печат.

И за Александар Кржаловски од МЦМС клучно е пашањето на (не)способноста за постигнување на консензус која досега ја демонстрирале сите партии како проблем да ги слушнат аргумените на противникот а потоа заедно да донесат најдобри решенија за државата.

Останува предизвикот Владата да се обиде на бродот да ја качи и опозијата за да може секоја битна одлука да биде направена со консензус и двотретинско мнозинство во Собранието. Протестите се легитимен начин. Но, зошто веднаш со протести? Зошто не, со праламентарна битка бидејќи опозицијата би можела позитивно да биде изненадена доколку власта има слух за нивните решенија и прифати дел од нивните предлози. Не веднаш протести бидејќи тоа ќе наштети на позициите за евенуталниот почеток на преговорите на Македонија за членство во Унијата , вели Кржаловски за Слободен печат.

Одржувањето на двата важни настани во септември и декември ќе се одвиваат во време на првите сто дена од владеењето на новата влада.

The post Мицкоски најавува протести, наместо суштинска дебата, кога Македонија чека позитивни сигнали за членство во ЕУ appeared first on Слободен печат.


Мицкоски најавува протести, наместо суштинска дебата, кога Македонија чека позитивни сигнали за членство во ЕУ was first posted on септември 2, 2020 at 1:58 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....