-0.2 C
Скопје
00:01 - 19 декември, 2024

Медицинска сестра го опишува ужасот кој го донесе коронавирусот: Најлошо е кога на починатите ќе им заѕвони телефонот

Александра која никогаш претходно не работела како медицинска сестра на интензивна нега, вели дека многу е болно да се види луѓе кои биле потполно здрави, а сега се на раб на смрт, пренесува „Дејли меил“.

Таа вели дека намногу ја погодува ѕвонењето на мобилните телефони на веќе починатите пациенти чии блиски се уште не дознале за нивната смрт и сакаат уште еднаш да ги слушнат.

-Никогаш не сум видела вакво нешто, никогаш не морав да се грижам за некој кој е здрав, а во исто време и смртно болен. Јас инаку не работам на интензивна нега, но сега морам бидејќи немаме доволно луѓе со искуство и опрема. Веќе два дена говорам дека сакам да си одам дома, но моите колеги секој пат ми велат дека ќе се каам доколку престанам да помагам. Затоа и останувам, напиша Александра.

I haven’t posted a true update in days because I could not find anything positive to say. I tried since Thursday to…

Publiée par Aleixandrea Macias sur Lundi 6 avril 2020

Медицинската сестра открива дека ова и е 11 ден откако се грижи за пациентите на интензивна нега и опишува колку тешко и паѓа работата со смртно болни пациенти.

– Се грижам за нив до моментот на нивната смрт. До сега се уште никој не го напуштил нашето одделение излечен. Сите си заминуваат во мртовечки вреќи. Се борам да сфатам каков е мојот придонес овде. Секојдневно ни доаѓаат луѓе со тешки респираторни проблеми, кои се престрашени. Им објаснувам што прави Ковид – 19 во телото и кои се ризиците од интубација. Ги слушам нивните последни повици од најблиските. Кога ќе умрат, нивните работи се уште се тука. Мобилните ѕвонат. Најлошо е кога на некој од веќе починатите ѕвони телефонот и знам дека некој им ѕвони молејќи да го слушне барем уште еднаш, додава Александра.

Овде, вели таа, не умираат само стари пациенти, умираат и млади кои претходно немале никакви здравствени проблеми.

– Тоа се физички силни лица кои работеле и на неколку работни места додека коронавирусот не почнал да им го уништува телото. Во еден момент нашиот труд се сведува на тоа што подолго да ги одржиме во живот. Некогаш изгледа дека нашите напори се залудни, но се бориме и понатаму бидејќи знаеме дека и ние би сакале некој тоа да го стори и за нас. Како медицинска сестра, видов стотици луѓе како умираат, но тие вообичаено се опкружени со членови на семејствата и можат да се простат со нив, вели Александра и додава дека во случајот со корона вирусот тоа не е можно, во овој случај нема простување.

– Не можам да ви опишам колку тоа боли, колку навистина се плашам дека и мене ќе ми се случи истото. Не можам ништо да ве натерам, но ве молам да ги слушате лекарите и ова сериозно да го сфатите. Срцето ме боли за семејствата кои некого прерано изгубија, за оние кои се болни и стравуваат за својот живот и за сите нас кои ова ќе го преживееме, но сигурно ќе добиеме некој вид посттрауматски синдром кога се ова ќе заврши, заклучува медицинската сестра.

The post Медицинска сестра го опишува ужасот кој го донесе коронавирусот: Најлошо е кога на починатите ќе им заѕвони телефонот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....