Во тек е доделувањето на 92. издание на доделувањето на оскарите, а нашата медена екипа беше во трка за два оскари – за Најдобар документарен филм и Најдобар интернационален филм.
Во категоријата Најдобар документарен филм оскарот падна кај американскиот документарец „American Factory“ (Американска фабрика).
#Oscars Moment: Steven Bognar, Julia Reichert and @JeffReichert9 accept the Oscar for Best Documentary Feature: “American Factory” (@afactoryfilm). pic.twitter.com/p4cWdVWm5S
— The Academy (@TheAcademy) February 10, 2020
Во категоријата Најдобар интернационален филм оскарот го доби корејскиот филм „Parasite“ (Паразит).
#Oscars Moment: @ParasiteMovie wins for Best International Feature Film. pic.twitter.com/sYovKBNltL
— The Academy (@TheAcademy) February 10, 2020
Со самите две номинации за Оскар, нашата „Медена земја“ испиша нова историја во македонската кинематографија, а и во оскаровската, бидејќи никогаш досега документарен филм не бил номиниран и во категоријата Најдобар интернационален филм. Најважно од се, е фактот што „Медена земја“ испрати многу силна порака во светот, собра еден тон престижни награди и критики од многу релевантни личности и нè направи толку многу горди и среќни што во нашите очи тие веќе се победници, со Оскар или без.
Честитки медена екипо и Ви благодариме што нè направивте толку горди!
The post „Медена земја“ вечерва не доби Оскар, но Македонија е повеќе од горда на силната порака која медената екипа ја испрати! appeared first on Слободен печат.