9.9 C
Скопје
16:17 - 18 декември, 2024

Манчевски ги најави мерките за професионализирање на администрацијата: К-15, дневници, зголемени плати…

Колективниот договор се преговараше добри и тешки две години. Не одговоривме на сите барања, ова е максимум што ние можевме и минимум што тие можеа да прифатат, изјави денеска Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски.

Одговарајќи на новинарско прашање дали се работи за предизборна одлука во време кога се дискутира за реформи на администрацијата, Манчевски рече дека се работи за конкретна група на луѓе од конкретен гранков синдикат. Подвлече дека станува збор за околу 17 илјади луѓе вработени во јавната администрација, што не ги вклучува вработените во образование, труд и социјала, здравство, одбрана, полиција и т.н.

– Регресот на годишен одмор или К-15, како што сите знаете е обврска според нашите закони за сите вработени во приватниот сектор. Дополнително како анти-кризни мерки од 2011 година, вработените во јавната администрација, кои што одат на службено патување тука во државата, немаат право на никаков надоместок. Затоа решивме, … дел од овие работи да ги вратиме, рече Манчевски.

Зголемувањето на платите, подвлече тој, е наша главна заложба и во таа насока и ќе продолжиме.

– Не може да очекуваме дека ќе добиеме ефикасна и квалитетни услуги, ако ги држиме платите во јавниот сектор на ниво, на кое што биле пред десет години, додека другите плати во државата растат, изјави Манчевски.

Колективниот договор за државната администрација, согласно одлуката од вчерашната владина седница, со репрезентативниот синдикат УПОЗ од страна на Владата ќе го потпише министерот Манчевски.

Во соопштението од Владата стои дека ова е прв грански колективен договор за административните службеници и правосудните органи по 1995 година, со кој администрацијата се стекнува и со дневници за трошоците за превоз и трошоците за ноќевање за службени патувања, а се утврдува и правото на денови на платено отсуство заради лични и семејни околности до седум работни дена во годината, правото на неплатено отсуство, како и други права.

The post Манчевски ги најави мерките за професионализирање на администрацијата: К-15, дневници, зголемени плати… appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....