3.8 C
Скопје
00:35 - 16 ноември, 2024

Малиќи: Од карантин ќе го следиме финалето на крајот на Владата на Курти

Случајно или не, епидемијата на коронавирусот на Косово стигна во исто време кога американската дипломатија го засили притисокот на косовскиот премиер Албин Курти да ги укине таксите за српските производи, да овозможи враќање на дијалогот, и да вети што поскоро постигнување на договор меѓу Косово и Србија, под покровителство на Белата Куќа.

Вака гласи оценката на косовскиот филозоф и писател Шкљезен Малиќи кој за српските медиуми се обидува да ја пренесе политичката клима на Косово во време на пандемијата на коронавирусот.

Малиќи вели дека Курти имал други планови и идеи околу иднината на Косово,

– Курти не одговараше на повиците од Вашингтон, во јавноста ја промовираше тезата дека не е важно времето туку квалитетот на договорот и поставуваше свои услови. Токму неговите услови го принудија коалициониот партнер во Владата, Демократскиот сојуз на Косово да го загуби трпението, оцени Малиќи.

Од друга страна, Демократскиот сојуз бараше од Курти тој да воведе вонредна состојба поради пандемијата, а Курти го смени министерот за внатрешни работи од оваа партија, што дополнително ги наруши коалиционите односи и испровоцира раскин на владината коалиција, анализира Малиќи.

Тој изјави дека е сигурен во намерите на Курти да ги оневозожи САД и втората политичка партија на Косово, Демокртаскиот сојуз, да го тргнат од политичката сцена. Курти вешто ја користи ситуацијата со пандемијата како одбрана, бидејќи во моментов не постоои процедура која може да го тргне од премиерската позиција.

Косовскиот Устав има многу недоречености, односно не е прецизирано дали во услови на распуштено собрание, претседателот може да распише нови избори или да понуди мандат за формирање на Владата на друга политичка партија.

Токму ова, Курти сака да го искористи и преку нови избори да добие нов премиерски мандат. Тој е сигурен дека на овие избори би можел да добие над 50 проценти од вкупниот број на гласови, анализира Малиќи.

Од друга страна, претседателот Хашим Тачи кој во чекор ја следи американската политика,бара начин да се избере нов мандатар на владата и да го тргне Курти од политичката сцена. Без Курти полесно ќе го реализира сè поизвесното потпишување на историскиот договор со Србија.

Според проценките на Малиќи, најдоцна до 4 мај годинава, ќе трае финалето на уништувањето на владата на Албин Курти.

Дотогаш, на Косово ќе доминираат вестите околу пандемијата, но таа не е толку опасна бидејќи Косоварите во минатото поминале и потешки ситуации, заклучува филозофот и писател Шкљезен Малиќи.

The post Малиќи: Од карантин ќе го следиме финалето на крајот на Владата на Курти appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....