1.8 C
Скопје
18:48 - 19 декември, 2024

Проф. д-р. Пановски апелира: За да се спасат животи, лидерите на сите партии треба да дадат соопштение да се биде дома за Нова Година!

Имунитетот на децата кои сега следат настава од дома е „заспан“, догодина, кога ќе тргнат во градинка и на училиште ќе имаат проблем, нагласи микробиологот Никола Пановски во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.

– Најголем проблем догодина ќе се случи со децата што ќе тргнат во градинка и на училиште. Вирусите ќе мора да се наплатат. Имунитетот на тие деца сега е заспан, а догодина ќе имаме други болести, нагласи Пановски.

Како причина за стагнација на дневната бројка на новозаболени, тој ја наведе свесноста кај луѓето дека вирусот постои.

– Сега не сум слушнал за големи журки, нешто што се случуваше претходно. Најмногу зарази се од јавен или приватен превоз и работни организации. Маските не штитат 100 отсто, ако неколку луѓе се во автомобил и имаат маски, а еден е позитивен, неминовно е некој да се зарази од оние кои се негативни, вели Пановски.

Според него, влијание има и колективниот имунитет и во тој контекст изрази надеж дека за две недели ќе почне да паѓа бројот на активни случаи, како и бројот на хоспитализации.

– Ако новогодишните празници се минат без зарази, тогаш колективниот имунитет ќе се стекне и порано. Мислам дека лидерите на сите партии треба да дадат соопштение да се биде дома за Нова Година, да не се собираат во заторен простор, ако е така ќе се спасат животи, истакна Пановски.

Не се многу, рече Пановски, 33.000 дози од вакцината против ковид, меѓутоа ќе помогнат каде е најпотребно до февруари до кога, нагласи, ќе мора да издржат и здравствените работници.

– Најверојатно вакцинирањето од грип е непотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата. Нема одење по слави, по спортски натпревари, на концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет. Речиси пола од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80 отсто ќе живееме нормално, вели Никола Пановски.

Слични објави

Жика Јакшиќ и Дајана повторно заедно по разводот: За малку ќе се расплачев

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на ќерката на Жељко Јоксимовиќ: Мина се иселила од вилата на нејзиниот татко вредна 2,5 милиони евра, а вака изгледа нејзиниот дом 

Еспресо

За 10 месеци оштините во Македонија потрошиле 961.000 евра на пејачи: Најмногу се опариле Северина и Јелена Розга со десетици илјади евра

Еспресо

Дарко Лазиќ се бори со вишок килограми, а сега откри дали повторно ќе го намали желудникот

Еспресо

(Фото) Вељко се огласи на посебен ден за семејството Ражнатовиќ: На Дедиње се слави Свети Никола

Еспресо

(Фото) „Кој сака нека честита!“: Марија Шерифовиќ по две години како нова, ја праша публиката за мислење

Еспресо
Се вчитува....