15:15 - 3 април, 2026

МАКЕДОНИЈА И СЕ Е МОЖНО! Агим Исмаиловиќ отиде до тоалет за да ИЗБЕГА среде судење, MВР го најде дома!

Полицијата го пронајде и го спроведе во затворот во Шутка, Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите за случајот „Монструм“, на кого обвинителството му определи триесетдневен притвор. 

Иако денеска не се одржи рочиште, обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор за него и за Фејзи Азири бидејќи постапката е при крај. Но пред да одлучи кривичниот совет Исмаиловиќ ја напуштил судската зграда.

Според пишувањата на македонските медиуми, тој буквално излажал дека ќе оди во тоалет, по што избегал од објектот! Потоа, камерите на ТВ21 се упатиле кон неговиот дом, каде и го пронашле. Истовремено пристигнала и полицијата, по што го привела Исмаиловиќ.

Во притвор оди ќе оди и Фејзи Азири.

Во случајот „Монструм”, за петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, додека застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....