5.8 C
Скопје
08:16 - 27 октомври, 2026

Ангел Димитров: Политичарите од Македонија и Бугарија сакаат напредок, но македонските историчари прават се да не се случи тоа

Со загриженост ја очекувам новата средба на заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања, но се надевам дека ќе направиме барем еден мал чекор напред, изјави бугарскиот копретседател на Комисијата, Ангел Димитров во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ), во пресрет на нејзиното ново заседание предвидено за утре и задутре.

– Отсекогаш сакавме да работиме поинтензивно со стегнат ритам, но тоа не се случи. За следната година се планирани само пет состаноци, што не е доволно, вели Димитров, кој е и поранешен бугарски амбасадор во земјава.

Според него, постојат разлики меѓу политичарите и историчарите.

– Политичарите од двете страни сакаат напредок, но историчарите од македонска страна на комисијата прават се што е можно да не се случи тоа, оценува Димитров.

Тој смета дека ваквиот пристап го одложува решавањето на разликите во блиска перспектива.

– Се е до политичката волја, но во преден план доаѓа не само улогата на политичарите, туку и на историчарите. Не е во ред историчарите во Македонија да чекаат нова ситуација за да направат критичка анализа. Историчарот е должен да ја каже вистината и да го подготви општеството за вистината, категоричен е Димитров.

Тој нагласува дека позицијата на Бугарија за прашањето на Република Северна Македонија е „единствена и монолитна”.

– Тоа е ставот, како на Владата, така и на Народното собрание и на сите партии застапени во него, а исто и на претседателот, заклучува Димитров во изјавата за БНТ.

Текстот е преземен од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 октомври: Пред да донесете важна одлука, проверете ги сите детали

apostolova

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.
Се вчитува....