16:01 - 17 јули, 2026

Џонсон: Вакцинацијата ќе ни овозможи нормален живот и придвижување на економијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека веста дека британското регулаторно тело ја одобрило употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек е „фантастична” и оцени дека вакцинацијата ќе придонесе за рестартирање на британската економија.

– Вакцинацијата ќе ни овозможи да се вратиме во нормалниот живот и повторно да ја придвижиме нашата економија, рече Џонсон.

Првиот човек на медицинска професија во Велика Британија, Крис Вити најави дека до пролет следната година би требало да заврши вакцинацијата на здравствено најзагрозените Британци.

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок претходно за Сакј Њуз изјави дека Велика Британија следната недела ќе почне да ги вакцинира граѓаните против Ковид-19 со вакцината на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”.
Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите „Фајзер” и „Бионтек”.
– Владата денеска ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцината на Вајзер и Бионтек, објави британската Влада.

Слични објави

(Фото) Познатата холивудска актерка пристигна во Хрватска, позирала боса пред водопадот на Крка

Еспресо

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо
Се вчитува....