6.8 C
Скопје
00:37 - 26 април, 2024

Детали за СКАНДАЛОЗНАТА ОРГИЈА во која учествуваше кознервативниот унгарски европратеник од партијата на Виктор Орбан

Бриселската полиција вчера соопшти дека во петокот открила и спречила „ковид оргија” во кафуле во центарот на градот, откривајќи дека помеѓу учесниците биле повеќе европски дипломати и еден европратеник, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесет и пет лица учествувале во геј-оргијата во кафуле близу полициската станица во центарот на градот, информираа властите.

Идентитетот на европските дипломати како и идентитетот на пратеникот од Европскиот Парламент претпладнево не се откриваа од страна на полицијата, но познато беше дека европратеникот се обидел да побегне кога влегла полицијата во објектот.

Полициски извор изјавил „налетавме на огромен генг бенг”, а на локацијата пронајдени се алкохол, дроги, а сите присутни се казнети.

Сепак, најчитаниот белгиски медиум потврди дека европратеникот што се обидел да избега е унгарскиот политичар Јозеф Жајер.

Она што е најконтроверзно во целата приказна е што, овој европратеник е познат како гласен противник на правата на ЛГТБИ заедницата, како во Унгарија, така и во европарламентот.

Исто така, Жајер е член на партијата Фидез – Унгарска цивилна Алијанса, национално-конзервативна десничарска партија во Унгарија, основана во 1988 година, а беше и нејзин лидер во унгарскиот парламент од 1994 до 2002 година. Добропознато е и дека оваа партија е под „крилото“ на унгарскиот премиер Виктор Орбан. По тој мандат, преминува во Европскиот Парламент.

За целата случка да биде уште поконтроверзна, пред полицијата да го расветли овој случај, во неделата Жајер неочекувано си дал оставка во парламентот за да се посвети на „интелектуална работа“.

Откако веста се рашири низ целиот свет, се огласи и Жајер за инцидентот, потврдувајќи дека бил присутен на оргијата: „Се извинувам на моето семејство, моите колеги и моите гласачи“.

– Не користев дрога, им понудив на полицајците да ме тестираат на лице место, но не ме тестираа. Полицајците рекоа дека ми нашле дрога во форма на таблети, односно екстази. Не е моја, не знам кој ја подметнал. Дадов изјава за полицијата околу ова. Жал ми е што ги нарушив правилата, беше многу неодговорно од моја страна, ќе ги претрпам последиците“.

Новинарите од белгискиот дневен весник ДХ, кој го обелодени случајот со „ковид оргијата” на која учествувал конзервативниот европратеник од партијата на Виктор Орбан, стапи во контакт со организаторот на оваа забранета забава во време на рестриктивни мерки поради вирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Дваесетидеветгодишниот Давид за весникот раскажува дека редовно организира секс оргии во својот стан, во зградата на едно познато бриселско кафуле во центарот на градот, и близу полициска станица.

-Не знаев дека имало пратеник од Европскиот Парламент, не го познавам овој човек, кога организирам забави секогаш канам повеќе пријатели кои канат потоа и нивни пријатели, а потоа заедно се забавуваме, вели Давид Манзелеј, студент во Брисел.

Бриселската полиција вчера објави дека е прекината голема оргија во овој стан пред неколку дена и дека помеѓу 25-те мажи кои се наоѓале на забавата имало и неколку европски дипломати и еден европратеник. Подоцна пратеникот сам призна дека станува збор за него, Јожеф Жајер, од партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, која е отворено против правата на ЛГБТИ заедницата. Унгарските новинари пишуваат дека Сајер лично ги напишал уставните амандмани со кои се дефинира брачната заедница исклучиво како заедница меѓу маж и жена.

Давид, организаторот на забавата, која е забранета според правилата за спречување на ширење на коронавирусот, објаснува дека организира вакви журки секој месец, каде луѓето доаѓаат да се дружат и да пијат алкохол.

-Единствена разлика со обична забава е што некогаш имаме сексуални односи, не гледам ништо лошо во тоа, сите сме возрасни и согласни, вели младиот Давид, но признава дека е свесен оти ваквото собирање не е дозволено поради мерките за Ковид-19.

-Знаете на многу луѓе им е смачено од овие мерки, сакаме да се гледаме да се дружиме и бев многу внимателен. Поканив десет пријатели и тие имаа право да поканат свои пријатели само под услов тие веќе да го прележале вирусот или да немаат симптоми, не гледам каде е проблемот.

Но поради преголемата бучава, соседите пријавиле во полиција.

-Од еднаш еден куп полицајци се најдоа во мојот стан. Лична карта! Веднаш! Но ние не носевме ниту долна облека, како да им дадеме лична карта? Тоа уште толку ги разгневи полицајците, беа многу лоши и кажуваа многу грди работи за геј луѓето, раскажува организаторот. 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....