18:53 - 4 април, 2026

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ: Промоција на книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“

нашиот пат

Првиот ден од месец октомври е резервиран за книга! Промоцијата на книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ во авторство на Ивана Хаџиевска, Јана Коцевска и Ивана Драгшиќ,  ќе се одржи во петок, 1 октомври во 13:00 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје.

„Нашиот пат“ е водич по културната, политичката и географската траекторија на Северна Македонија, во чијшто тек учествувале оние 25 жени чии приказни се содржани во книгата. Книгата зборува за жени кои замислиле подобар заеднички свет и дејствувале активно; го создавале тој свет на воениот фронт, во науката или во социјалниот живот: курирки на народните движења, неформални министерки за социјална правда, партизанки, политичарки, писателки, уметници, први индустриски работнички, културни работнички, борки за човекови права, но и антагонистички мисионерки.

нашиот пат
Фото: Промо

Оваа книга е реализирана во рамките на проектот Women on women / „Жени за жени“ (WoW) и се фокусира на родовата еднаквост преку феминистичката перспектива, следејќи го наследството на жените од позицијата на различни социјални и културни средини. Терминот жени, означува жени, трансродови и интерсекс луѓе.

Проектот испробува нови модели на солидарност и размена на знаење помеѓу различните заедници и истовремено ги слави достигнувањата на жените со номинации, портрети, колективни перформанси, изработка на друштвени игри и уметнички интервенции во јавниот простор, како и преку развивање уметнички програми кои ја одразуваат културната разновидност и реалноста на современите општества.

 

Слични објави

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.
Се вчитува....