16.8 C
Скопје
09:58 - 2 мај, 2024

Ќучук: Во С. Македонија има 2 кампањи – За враќање на земјата каде што беше пред три години или за патот кон членство во ЕУ

Во предизборието во Северна Македонија се одвиваат две концепциски  различни кампањи – за враќање на земјата каде што беше пред три години или да продолжи по патот кон Европската унија. Ова е оценката на бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тој во изјава за бугарското радио „Фокус” вели дека постои тешка и комплексна дебата за суштинските вредности и за тоа каде македонските политичари сакаат да ја видат својата земја.

– Некои се залагаат за тоа земјата да се врати таму каде што беше пред три години, а други ја поддржуваат идејата дека треба да продолжи да се развива на патот кон НАТО и ЕУ. Постојат и некои други идеи, кои доаѓаат главно од партии кои имаат за цел да привлечат гласачи од албанското малцинство, вели Ќучук.

Според него, нема посебни ризици за изборната кампања во Република Северна Македонија, нема бојкот, сите политички сили ги повикуваат граѓаните да гласаат на 15 јули.

Ќучук посочува и дека постои дебата меѓу младите за иднината на земјата во ЕУ, слично како што беше и во Бугарија пред нејзиното зачленување во Унијата пред неклку години.

The post Ќучук: Во С. Македонија има 2 кампањи – За враќање на земјата каде што беше пред три години или за патот кон членство во ЕУ appeared first on Слободен печат.


Ќучук: Во С. Македонија има 2 кампањи – За враќање на земјата каде што беше пред три години или за патот кон членство во ЕУ was first posted on јули 2, 2020 at 9:36 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....