8.8 C
Скопје
13:23 - 23 ноември, 2024

Крадци затскриени како агенти оперираат низ Скопје

Во ек на пандемија од коронавирус, кога контактите на граѓаните се сведени на минумум, посебно со непознати, сосема „случајно“, доколку добиете телефонски повик од машко лице кое се јавува од наводна осигуритилена компанија и ве убедува да ве посети дома за да ви даде неверојатна понуда, добро размислете дали ќе одговорите на неговата понуда. Со вакво сценарио веќе подолг временски период оперира банда во главниот град, а потекнува од Прилеп или околните места. Го знае вашиот идентитет и мобилен број и ви се јавува од број за кој нема податоци за сосптвеникот.

Откако тој што се јавува ќе го каже вашето име следува реченицата:

„Се јавувам од осигурителна компанија. Би сакал да ве посетам и да ви дадем добра понуда за животно и станбено осигурување“.

Оваа „екипа“, велат нашите соговорници од полицијата, зад себе има серија од кражби во општините Центар и Аеродром.  На своите жртви тие најпрвин им се јавуваат од мобилен број. Ако увидат дека жртвата наседнала на приказната, за скоро време, како што дознаваме, договараат посета во нивниот дом. Додека трае вешто истренираниот разговор и пополнувањето на наводниот прашалник, крадецот го користи секој можен момент за да ја скенира состојбата во станот како и имотната состојба на идната жртва. Низ наводен пријателски разговор се распрашуваат дали сите членови на семејството работат или не, дали имаат дневни обврски, се со цел за да научат во кој период од денот е најдобро да се влезе во станот.

Пред самата посета на жртвата, но и период после тоа, тие, како што велат нашите соговорници, ја проучуваат и средината во која живее жртвата, пред се дали местото е фреквентно од луѓе или не, за да знаат како и кога да ја искористат за нив добрата временска прилика.

Истражителите веруваат дека можеби станува збор за иста или за „мутирана“ прилепска банда која стана позната во светот на скопското подземје која за жал во краток временски период ограби буквално дваесетина станови од една зграда на улицата „Орце Николов“ во центарот на Скопје, но и во други население места.

Пред само три месеци, скопската полиција до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против К.Т.(47) и З.Д.(46), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 355.000 денари. Како што тогаш соопшти МВР, пријавените, на девети март годинава во два стана на булеварпот „Јане Сандански“ во Скопје насилно влегле во становите и одзеле пари и златен накит.

По извршување на второто дело биле пресретнати од полициски службеници од Полициската станица Аеродром и почнале да бегаат, но набргу потоа биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај нив биле пронајдени украдените предмети и алатот, кој го носеле со себе, специјално изработен за насилно отварање на сеф брави.

The post Крадци затскриени како агенти оперираат низ Скопје appeared first on Слободен печат.


Крадци затскриени како агенти оперираат низ Скопје was first posted on јуни 17, 2020 at 2:43 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....