И најголемиот акционер на Еуростандард банката, Трифун Костовски и Народната банка најавија дека правдата ќе си ја бараат на суд. Според Костовски, раководството на Народната банка постапило непрофесионално и извршило „холокауст во банкарскиот систем“, а Народната банка инфоримраше дека „ќе ги преземе сите расположливи правни средства против сопствениците на Еуростандард банка АД Скопје за невистините и клеветите“.
Во одбрана на одлуката на Народната банка и на гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска застанаа и поранешните гувернери Димитар Богов и Петар Гошев кои рекоа дека Народната банка ја донела единствената исправна одлука. И двајцата сметаат дека Народната банка ги исцрпела сите можност за да се спаси Еуростандард банката и дека на крајот морала да го исчиси банкарскиот систем од слабата алка. Притоа, Гошев нагласи дека главниот акцинер во Банката, порано бил и претседател на Надзорниот одбор, а неговиот син пак, бил претседател на Одборот на ризици.
– Главното прашање е како тие тогаш ги аминувале предлозите на менаџерите за кредитите и како дозволиле толку нефункционални кредити– рече Гошев, во изјава за ТВ 24.
Костовски пак, на прес конференцијата, тврдеше дека за нефункционалните кредити биле наместени од поранешното раководство на чело со тогашниот претседател на Управниот одбор Николче Петковски, за што најавви, исто така, кривични пријави. Но, нагласи дека имале заинтересиран инвеститор што требал да ја спаси банката, ама Народната банка, тоа го игнорирала.
– Имавме потенцијален партнер кој потроши, можеби стотици илјади евра за длабинско снимање на банката. Народната банка не потроши ни 5 минути на тој можен финансиер, за да допатува во земјата и да разговараат, затоа што и да вложи пари, ако тој не ја добие лиценцата за работа, тоа за него се изгубени пари – рече Костовски.
Од Народната бнака велат дека имале интензивна комуникација со сопствениците и инсистирала на итна докапитализација.
„Сопствениците не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година, ниту изнесоа издржано и реално решение за пренесување на сопственоста на инвеститор којшто би извршил докапитализација на Банката во обем и со динамика кои би овозможиле нејзина одржливост, со оглед на состојбата во која Банката се наоѓаше“, информираа од Народната банка.
The post Костовски ќе ја тужи Народната банка, таа него appeared first on Слободен печат.
Костовски ќе ја тужи Народната банка, таа него was first posted on август 16, 2020 at 2:32 pm.