-0.2 C
Скопје
00:01 - 19 декември, 2024

Коронавирусот може да ни ја инфицира економијата

Дел од компаниите во Македонија се загрижени за својот производствен процес затоа што набавуваат неопходни делови и суровина од Кина, каде што поради корона вирусот се затворени многу фабрики, сосема е запрен бродскиот сообраќај, има проблеми во внатрешниот сообраќај дури и меѓу тамошните провинции, авионските летови се намалени, а возовите не одат за Европа преку Русија, поради руската забрана.

Оваа состојба може да претставува директен удар врз македонската економија затоа што не е мал делот од компаниите што се снабдуваат од кинескиот пазар. Ова го потврдува и Виктор Мизо, директор на охридската компанијата „Костaл“ и претседател на Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство, во која членуваат компании што обезбедуваат 60 отсто од македонскиот извоз.

– Дел од овие компании се вклучени во глобалниот синџир на снабдувачи и важни компоненти стигнуваат од Кина. Во компанијата каде што сум јас директор и со оние компании со кои разговарав, со потребните компоненти од Кина, покриени сме за две до три недели работа, но потоа е неизвесно. Проблемот е глобален и нема да зависи од умешноста на некоја компанија. „Костел“, на пример, има свои фабрики во Кина. Ако ние не работиме, ќе застане работата на „БМВ“, на „Мерцедес“… Секако, состојбата секојдневно се следи и се бараат начини како да се дојде до деловите со кои се снабдуваме од Кина. Притоа, треба да е јасно дека некои фабрики што ги има во Кина, кои се трудоинтензивни, може да се преселат, односно да се создадат во некоја друга земја, но тоа не е воопшто едноставно за фабриките за електрониката, која е неопходна во автомобилската индустрија – вели Мизо.

Мизо објаснува дека дури и се да се врати во нормала, процесот нема веднаш да може да продолжи.

– Прво треба во тамошните фабрики да се вратат на работа сите работници за да производниот процес биде 100-процентен. Потоа, ќе биде проблем транспортот. За пратките што одат со брод, за да стигнат до Македонија е потребен период од 6 недели. Секако, има и мали пратки со електроника што се испраќаат авионски. Но, замислете колкава побарувачка за авионски пратки ќе има по ваков застој – вели Мизо.

Тој вели дека во денешно време ниту еден глобален проблем нема да може да ја заобиколи Македонија.

– Коронавирусот дефинитивно ќе донесе удар врз глобалниот бруто-домашен производ, па може да се очекува удар и врз македонскиот бруто-домашен производ. „Фолксваген“ и „Џенерал моторс“ во Кина го пролонгираа повторното продолжување на производниот процес. „Хјундаи“ минатата недела привремено ги затвори своите фабрики во Јужна Кореја поради недостигот на кинески автоделови. Всушност, кинеската провинција Хубеи, која се смета за центар на коронавирусот, е центар и на автомобилската индустрија, и тоа четврти најголем центар во светот за производство на возила – вели Мизо.

Во Македонија голем дел од странските компании работат во синџирот што ја снабдува автомобилската индустрија во светот.

The post Коронавирусот може да ни ја инфицира економијата appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....