12.8 C
Скопје
21:45 - 27 април, 2024

Коронавирусот ги зголеми приходите на гејмерите: Рекордни 10 милијарди долари потрошени на дигитални игри

Потрошувачката на дигитални игри во март достигна рекордни 10 милијарди долари, бидејќи луѓето се затворени во домовите поради пандемијата од коронавирусот и повеќе играат, објави во четвртокот специјализираната компанија СуперДата.

Приходите од продажбата на игри кои се играат на водечките конзоли скокнаа во март на 70 отсто во однос на претходниот месец, на 1,5 милијарди долари. Потрошувачката на игри кои се играат на персоналните компјутери со високи перформанси се искачи за 56 отсто, на 567 милиони долари.

Игрите кои се играат на конзолите и на персоналните компјутери посебно се популарни во Европа и Северна Америка, каде ограничувањето на излегувањата се заострени во март поради пандемијата.

Побарувачката на мобилни игри, кои во голем дел се играат на мобилните телефони, порасна за 15 отсто, на 5,7 милијарди долари, известија од СуперДата.

„Луѓето се свртуваат кон игрите како докажана форма на забава во време на кризата со Ковид -19 и ја користат интернет опцијата со повеќе играчи за да бидат во контакт со другите“, наведува СуперДата во постот на блогот.

Меѓу „бестселерите“ се издвојува дигиталната семејна игра на Нинтендо „Animal Crossing: New Horizons”, со 5 милиони продадени дигитални копии, најмногу во еден месец откако е пуштена во продажба,

Се истакнуваат и „Pokemon Go”“ чија продажба во март скокна за 18 отсто, откако произведувачот Ниантик ги измени нејзините карактеристики за играчите да не мора да излегуваат надвор по потрага по Покемони, нагласува СуперДата.

The post Коронавирусот ги зголеми приходите на гејмерите: Рекордни 10 милијарди долари потрошени на дигитални игри appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....