26.8 C
Скопје
16:43 - 29 април, 2024

Короната ги „протера“ луѓето надвор од градовите: Се враќа животот во подзаборавените викенд-населби

Речиси и да не постои човек, кој во некој миг од карантинските периоди не посака да биде на планина, езеро или покрај некоја река. За тие неколку поврзани денови, се бараа празни куќи за да се избега од монотонијата на затвореноста и, ако ништо друго, тогаш барем да се излезе во двор. Во текот на април и мај владееше вистинска помама за изнајмување викендичка или стан, надвор од поголемите градови, но експертите за недвижнини велат дека не може да се зборува за некаков бум на продажба на викенд-куќи за одмор, со додавка дека таквите зделки не се дел од нивниот секојдневен бизнис. Сопствениците на недвижности, кои главно ги издаваат преку платформи за огласување и по пат на препорака, велат дека во изминатиот период можеле да вдомат и десетпати повеќе луѓе од постојните капацитети. Цените се движеле од 100 евра па нагоре за оние што сакале да избегаат од затворениот простор.

– Генерално не може да се зборува за драстичен пораст на купопродажни договори за постојни вили и куќи за одмор, бидејќи тоа е работа што клиентите си ја договараат „очи во очи“. Точно е дека во периодите пред карантините имаше некаков интерес пред сѐ за изнајмување, но главно тоа не е работа на агенциите за недвижни – велат менаџери од оваа бранша.

На поголемите веб-страници што се занимаваат со недвижнини, понудата на викенд-куќи, како и апартмани за изнајмување е шаренолика. Таму, на пример, се нудат викендички во сите блиски излетнички места до Скопје, во планинските населби и во туристичките места. Најевтини се викендичките во Источниот регион, каде што се бара цена од нешто над 20.000 евра. Има и поскапи до 100.000 илјади евра, а цената зависи од квадратурата, состојбата во која се наоѓа, но и од големината на плацот. Викендичка може и да се изнајми и тоа од 400 до 900 евра месечно, во зависност од опременоста и близината до некое од македонските езера.

– Во последно време сѐ повеќе се бараат куќи и тоа во блиските населби и села до Скопје – Соње, Сопиште, Злокуќани и Бардовци. Тоа се најчесто семејни луѓе, а најмногу има интерес за куќи од 200 до 600 квадрати и по можност со базен. Пандемијата и карантините ги натераа граѓаните да се свртат кон природата – велат во агенцијата за недвижност „Асторија“. Експертите велат дека сето ова е последица на вонредната состојба, но ако продолжи трендот, можеби ќе се случат и некои промени во навиките. Македонците преферираат да живеат поблиску до нивните работни места, а тоа е обратен тренд од оној во странство.

Со оглед на фактот дека ова лето најверојатно ќе останеме затворени во рамките на државава, јасно е дека ќе се врати животот во познатите викенд-населби во Маврово, Берово, Галичник или на Шар Планина. Подзаборавените викендички и селските куќи во Македонија полека се пополнуваат. Се забележуваат подновени фасади, се бојадисува и се реновира, оти никој не знае колку сето ова ќе трае.

– Македонија нема капацитети за масовен туризам, како што постои во дел од соседните земји. Тоа значи дека оние што немаат можност за да се сместат во некој од хотелите или одморалиштата, спасот од горештините ќе го побараат кај свои пријатели со викендичка или ќе изнајмат – велат туристичките работници.

The post Короната ги „протера“ луѓето надвор од градовите: Се враќа животот во подзаборавените викенд-населби appeared first on Слободен печат.


Короната ги „протера“ луѓето надвор од градовите: Се враќа животот во подзаборавените викенд-населби was first posted on јули 20, 2020 at 2:12 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....