Имајќи ги предвид досегашните мерки за справување со корона вирусот и нашите и оние на СЗО (впрочем тие се исти) повеќепати ми излегуваше пред очи оној стар, банелен виц за обидот на „посилниот“ брат да го одбрани од претепување помалиот од насилниците на кои налетале; Откако увидел дека нема помош од братот кој само се „јуначел на зборови“ , на помалиот му дошло преку глава од „сто стапа по туѓи плеќи“ , и конечно му се обратил со молба: „Бате, бате аман не ме брани веќе“!
Зошто ? Па од почетокот до сега се чини дека најуспешна терапија и најсилна мерка против корона вирусот е „седете дома и лечете се сами,“ за, како што вели министерот Филипче „да не сме го оптовареле системот“!!!
Значи со други сборови: ако можете разболувајте се во помал број и ако може да го прележите вирусот „дома на нога“ како обичен грип, супер, добро за вас, уште подобро за системот.
Добро да не претерувам сигурно имаше и потешко заболени на кои им требаше и хоспитализација, ама и таму „полесните“ случаи поминаа полесно, другите…
Во меѓувреме лек против корона нема, колективен имунитет не стекнавме, а здравствените власти во ноември најавуваат нов бран на заболени. Значи пикот не бил во март, не е сега, веројатно нема да биде ниту во мај, туку здравје боже наесен или најсигурно со сезонскиот грип идната година.
Па нема ваљда пак и до година да бидеме во излоација!
Ако е така пуштете ги луѓето надвор, да си одат по лекари и аптеки како и порано, да си бараат чаре за болестите кои и пред тоа ги мачеа, а здравите да си бркаат работа за да не трпи стоопанството, а владата да не се заглавува во долгови повеќе одошто треба.
Во меѓувреме како да ги заборавивте илјадниците болни кои секојдневно беа пред вратите на амбулантите, на поликлиниките и клиниките не можејќи ниту со месеци на ред да дојдат со мој термин. Тие наши сограѓани не оздравеа за време на корона вирусот, или мислите не ни биле болни, туку само така го тепале времето по болничките ходници и чекални?
Од нив десет илјади умираа секоја година и без корона вирус. Трагично завршуваа и од сезонскиот грип. Но се чини сега се бројат само оние од ковид 19.
Не треба да се заборави дека секој човечки живот е еднакво вреден! Затоа без селекција!
Ние не смееме да бидеме заробеници на системот. Туку обратно. Не можат граѓаните да ја димензионираат количината на заболувањата според системот. Системот мора да се прилагоди на нашите здравствени потреби.
Корона вирусот не зафати нас, а не системот.
Ако е така тогаш зошто ги броите оздравените дома како заслуга на системот?
Здравите пак, едни работат, други не работат. Ако не се инфицираат од корона, ќе се разболат од сиромаштија. Едни се во излоација, други не. Некаде се почитуваат мерките за дистанца од два метра, некаде нема ни половина метар растојание меѓу оние кои се тискаат пред маалските дуќани или во градските автобуси. Некои се постојано со маски, некои маска со очи не виделе.
А седејќи дома главна занимација се пораките и вицевите по телефон и социјални мрежи. Интерсна беше една забелешка од соседството која вели: Одберете дали сакате слобода или здравје? Ако сте одбрале здравје тогаш немојте воопшто да излегувате од дома веќе никогаш!
The post КОРОНА: Пикот ќе биде во мај, во ноември или догодина со грипот! appeared first on Слободен печат.