2.8 C
Скопје
17:41 - 25 ноември, 2024

Кому Пендаровски ќе му го даде мандатот во петок?

Претседателот Стево Пендаровски до петок на полноќ ќе го додели мандатот за составуавање на Влада, и покрај тоа што поранешниот претседател на Парламентот, сега претседавач, Талат Џафери вели дека Парламентот не е конститутиран.

Пендаровски за ова прашање, како што велат од неговиот кабинет, се консултирал со експерти, а заклучокот бил јасен, дека Парламентот е конституиран на 4 август и дека тече 10-дневниот рок за доделување на мандатот.

„Во врска со прашањето, претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен. За да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор. Претседателот Пендаровски, иако ги разбира мотивите на претседавачот Џафери, останува на неговиот став кој впрочем го потврдува и политичката практика во сите изминати години кога на власт биле различни политички опции“, ни изјавија кусо од кабинетот на Пендаровски.

Собранискиот спикер во заминување, Талат Џафери, купува време за своите сопартијци од ДУИ. На централата во Мала Речица, очигледно ѝ треба повеќе простор за пазарот за новата влада. Вака собраниски извори ја толкуваат изјавата на Џафери дадена за албански медиум, дека било неуставно да се додели мандат без да има избран претседател на Собранието.

Нашите собраниски извори велат дека со ова Џафери ја откри политичката агенда на ДУИ од чии редови е – да го развлекува времето во кое претседателот на државата треба да го даде мандатот на некој од потенцијалните мандатори. На тој начин, велат нашите извори, тој ја злоупотребува позицијата претседавач на Собранието.

-Им одговара на ДУИ Џафери со разноразни изјави да го развлекува времето за да можат да преговараат и со други политички партии. Целта му е да го развлечево  период од 10 дена, односно периодот во кој претседателот треба да го додели мандатот, да не почне од конститутирањето на парламентот како што пишува во Уставот, туку од денот на изборот на собранискиот претседател. И приучен правник знае дека парламентот се конституира со верификација на мандатот со новоизбраните пратеници и во согласност со Уставот, Собраниетото е во заседание. Дали ќе има седница, тоа е прашање на договор од пратениците. Ако ние се договориме 61 глас може да избереме нов претседател. Се работи за класична злоуптреба на позицијата на претседавач на Собрание. Тој мора да го почитува Уставот и Деловникот. Со вакви изјави Џафери го крши и Уставот и Деловникот – велат собраниски извори за Слободен печат.

Во Деловникот не стои кога шефот на државата треба да го даде мандатот на оној кој обезбедил мнозинство од 61 пратеник, бидејќи тоа го уредува Уставот на Македонија. Во членот 90 од Уставот пишува дека шефот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. А потоа мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата, која пак ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.

Инаку, Џафери, сè уште не го испратил известувањето до Пендаровски дека Парламентот е конституиран, а синоќа изјави дека „неуставно е доделување мандат без да има претседател на Собрание кој ќе ги стави во функција другите рокови што треба да ги следи Собранието.

Собранието беше конституирано на 4 август, кога беа верификувани и пратеничките мандати. Рокот од 10 дена истекува на 14 август. Според Уставот, коалициите или партиите имаат време уште два дена да го информираат претседателот Стево Пендаровски  дали обезбедиле мнозинство за состав на новата Влада.

И денеска од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ без конкретни информации до каде се преговорите за состав на новата Влада.

The post Кому Пендаровски ќе му го даде мандатот во петок? appeared first on Слободен печат.


Кому Пендаровски ќе му го даде мандатот во петок? was first posted on август 12, 2020 at 12:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....