22:58 - 22 декември, 2024

Колку онлајн оценувањето на учениците ќе биде објективно?

Како резултат на пандемијата со коронавирусот основните и средните училишта во земјава функционираат преку онлајн настава, што претставува голем предизвик како за наставниците, така и за самите ученици.

Ваквиот начин на предавање, но и на оценување, може да биде доста проблематичен, посебно кога се ближи крајот на школската година и наставниците треба да изведат завршни оценки за учениците.

Одговорните во Бирото за развој на образованието веќе објавија упатство за оценување на учениците во основните и средните училишта наменето за сите наставници, што значи дека учениците ќе бидат оценети бројчено или описно, а наставниците интерно ќе го проверуваат нивното знаење.

Она што останува нејасно е како ќе го прават тоа со оглед на фактот дека децата следат онлајн настава.

Во разговор за „Слободен печат“ наставникот Иван Дејановски од основното училиште „Димитар Беровски“ во општина Ѓорче Петров, вели дека завршна оценка за оваа година ќе може да се изведе благодарение на нормалниот начин на настава пред кризата со Ковид-19.

– Три тромесечја се веќе поминати, па ние како наставници имавме три четвртини изградено од крајната оценка за учениците, а сега ни останува само да ја формулираме оценката на учениците во глобала – вели наставникот Дејановски, кој предава историја.

За онлајн-оценувањето додава дека тоа не е објективен приказ на знаењето на ученикот и дека учениците потешко се контролираат во вакви услови.

– Секако постои голема разлика кога наставата е од дома и во училница. Не можете да ги контролирате учениците, да видите дали тие навистина ја пишуваат домашната задача сами. Доколку им дадеме класични тестови тие можат да се поврзат онлајн, да пребараат и да дадат 100 проценти точен тест или да се консултраат со родител, брат или сестра. Ваквото оценување за мене не е објективно. На нас како наставници сега ни е потешко, бидејќи на учениците им давате насоки за истражување на одредена тема на интернет, а тие веднаш во истиот момент одговараат. Едноставно овде не постои реален критериум за оценување, како ниту точен приказ за нивното знаење – смета наставникот.

Како резултат на овие потешкотии, Иван вели дека не им дава класични тестови на своите ученици, туку се обидува преку истражувања кои ги прават самите да формулира крајна оценка.

– Се обидувам по мојот предмет на учениците да им дадам истражување, или одредено прашање на кое треба да одговорат. Им давам повратна информација на мејл, односно линк од каде можат да пронајдат повеќе податоци, а тие сето тоа да го формулираат, да го напишат и да ми го испратат. Потоа го прегледувам она што ми го праќаат, па им давам повратен одговор за тоа како е обработено, дали е добро обработено или не. Па врз основа на сето тоа, како и тоа дали редовно одговараат на задачите и колку се активни ќе ја формулирам крајната оценка – додава Дејановски.

Сепак, тој се надева дека од септември работите ќе се вратат во нормала, бидејќи како што вели многу е тешко да се работи со нови ученици за кои од претходно не постои никаков увид во нивното знаење, а притоа да треба истите онлајн да се оценуваат.

– Јас не сум поборник вака да продолжиме, бидејќи преку интерактивната настава го гледам максимумот кој може да се извлече од секој ученик. Замислете кога во шесто одделение би дошле сосема нови ученици со кои не сте работеле претходно. Ќе биде речиси невозможно реално да ги оцените преку онлајн настава – додава наставникот по историја.

Во однос на условите за продолжување со нормална настава, Иван вели дека стандардите ги поседуваме, но дека сепак би било тешко да се овозможи во секоја паралека сите ученици да држат социјална дистанца за време на часовите.

– Не знам во какви услови ќе функционираме во однос на социјалната дистанца која ќе треба да се држи во училниците, иако сметам дека ги поседуваме стандардите. Имаме училници од 46 метри квадратни, меѓутоа проблем ќе се јави во паралелките кои имаат по 28 ученици и каде тоа е тешко да се изведе – заклучува Дејановски.

The post Колку онлајн оценувањето на учениците ќе биде објективно? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....