2.8 C
Скопје
14:32 - 23 декември, 2024

Кој ќе ги набљудува изборите?

Лидерите на политичките партии денеска, кај претседателот Стево Пендаровски, ќе се обидат да ги испеглаат разликите околу ставовите за одржување на предвремените парламентарни избори. Како што веќе објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, тој и коалициските партнери ќе предложат изборите да се одржат на 14 јуни, додека пак лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати нагласи дека неговата партија не е за избори во јуни.

Освен кај нас, избори ќе има речиси во целиот регион. Нашите први соседи Косово и Србија наголемо се подготвуваат за изборно соочување со граѓаните. Во Косово, Албин Курти предлага вонредни избори за 14 јуни. Србија, без големи предизборни собирања и митинзи се подготвува за избори на 21 јуни. Во Хрватска наголемо се кројат предизборните коалиции за парламентарни избори во јули, речиси половина година пред редовниот рок. Во Црна Гора, пак, редовните парламентарни избори би требало да се одржат до октомври, кога истекува и мандатот на актуелниот собраниски состав. Локалните избори во Босна и Херцеговина би требало да се одржат на 4 октомври. Неодамна Централната изборна комисија информираше дека пари за нивно спроведување нема, бидејќи буџетот на државта не е донесен. И во Словенија има можност по завршувањето на кризата да се одржат вонредни парламентарни избори.

Кај нас вонредните парламентарни избори беа закажани за 12 април, но епидемијата со коронавирусот и воведувањето на вонредната состојба ги одложи. Во јавноста наголемо веќе се зборува дека ќе имаме избори во јуни или почетокот на јули. Во ДИК велат дека се подготвени да спроведат законски избори кои треба да бидат да бидат набљудувани од ОБСЕ/ОДИХР. Неодамна шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, рече дека ќе останат посветени да го продолжат изборниот мониторинг во Македонија.

„ОДИХР многупати до сега ги набљудувала изборите во оваа земја и воопшто не се сомневаме дека нашите колеги од Варшава ќе останат посветени да го продолжат изборниот мониторинг во Северна Македонија“, изјави Која во интервју за МИА.

Пред два дена и лидерот на СДСМ Зоран Заев навести дека набљудувачката мисија ќе ги мониторира изборите.

„Охрабрува тоа што мисијата на ОДИХР најавува дека може да се организира и да прати набљудувачи. Тука е регионалниот контекст, неслучајно и други држави одат на избори во овој период“, рече Заев.

ОБСЕ требаше да ги набљудува изборите во државата со 250 краткорочни набљудувачи на денот на изборните, но и со претставници на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа, како и свои долгорочни набљудувачи.

Од ДИК велат дека, не само мисијата на ОБСЕ, туку очекуваат и други набљудувачи, домашни и меѓународни комисии, но тука се и партиските набљудуачи. Од Комисијата велат дека доколку општите услови и протоколи покажат дека има услвои за избори тие ќе ги спроведат сите насоки
и уредби за легални избори.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски за Слободен печат вели дека имаат редовна комуникација со ОБСЕ, но на оваа тема, дали ќе испрат набљудувачи, не разговарале.

ОБСЕ/ОДИХР во земјава досега набљудувала 18 избори.

The post Кој ќе ги набљудува изборите? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....