1.8 C
Скопје
16:15 - 23 декември, 2024

Кој е за карантин да дигне рака?

Тоа е тоа: под експлозивното ширење на епидемијата во големи делови на континентот, Европа полека се затвора. Се направија обиди со различни стратегии, се пробаа сите можни полу-мерки и флексибилни зафати, се применија вакви и онакви пристапи, за на крајот да се помине на последната можност: карантин! Некои две недели, некои цел месец, а веќе се општи најавите дека и од дочеците на Нова година во речиси сите европски земји ништо нема да биде.

Меркел и Макрон вчера имаа драматични обраќања до своите нации најавувајќи ги новите ограничувања на движењето, дружењето, работата, јавното општење… Повеќе не се остава простор за личен избор и желба дали ќе се почитуваат мерките. Од утре-задутре милиони европејци наскоро ќе се испратат по дома, во обид во наредните четири-пет-шест недели да се прекине синџирот на ширењето на вирусот.

На пример, слушам дека во Мелбурн (американскиот д-р Фаучи го спомна синоќа тој податок) комплетниот неколкунеделен лок-даун резултирал со ниту еден нов случај на заразен во последните два-три дена. Звучи невозможно. Освен во Кина.

Во десетина-дваесет европски земји повеќе нема место во интензивните ковид-одделенија за лечење на нови пациенти. Епидемиолозите во цели покраини, па и држави, веќе и не трагаат по историјатот на ширењето на заразата и идентификацијата на контактите на заразените. Со овие цифри, бесмислено е.

Но, економските и, воопшто, сите општествени последици, се разбира, не можат ни да се опишат со нормален речник.

Добро, тоа сите веќе го знаеме. И оние што тоа не ги интересира.

Прашањето е што да се прави кај нас?

Сите инстанции на власта се против строги општествени рестрикции и воведување карантин. Опозицијата е хаотична, но веројатно би можело да се каже дека мнозинството од нив се за итно воведување карантин. Десетината „независни“ стручњаци кои сè уште се појавуваат по медиумите имаат поделени мислења, некој вака, други така. Нема истражувања на јавното мнение за да се види расположението во пошироката јавност.

Всушност, она што на сите ни недостига е прогноза, втемелена на компаративни медицински и здравствени статистики, за тоа кои се можните епидемиски сценарија доколку се заострат или не се заострат мерките. Занимливо, на пример, економски податоци и студиозни прогнози за тоа има, но здравствени – не. Или, барем јавно не се соопштуваат. Можеби затоа што се многу вознемирувачки? Или затоа што е невозможно да се направат?!

Па, како тогаш да се определи што е подобро да се направи? Го ставаме прстот в уста, го вадиме и го дигаме во воздух и прогнозираме колку е студен ветерот, од кој правец доаѓа и со која силина дува… И на која партија му припаѓа.

А, не е работата во тоа кој да си поднесе оставка – впрочем, ако не сум наглув, не сум слушнал за ниту еден министер за здравство или шеф на националните ковид-тела во Европа до сега да си поднел оставка, па дури ни во државите кои доживеаја здравствена катастрофа што, сега, се заканува да им се повтори?!

Но, овој систем на здравствено „баење“, во кој единствените сигурни податоци се бројките на новозаразени и починати, не е добар рецепт за водење здравствена политика. Затоа е голем дел од дебатата лична, со персонални навреди и со политички и експертски дискредитации кон државните функционери кои ја креираат здравствената политика. Тоа не само што е заморно за јавноста, туку уште повеќе дразни и нервира.

Според тоа, без да имам особени преференции, има ли здравствени сценарија (за момент, баталете економија и други последици) што можат да се споделат со јавноста, за да можеме да процениме до која бројка на новозаразени и дневно починати има смисла да се опираме на воведување карантин?

The post Кој е за карантин да дигне рака? appeared first on Слободен печат.


Кој е за карантин да дигне рака? was first posted on октомври 29, 2020 at 10:26 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....