3.8 C
Скопје
02:44 - 17 ноември, 2024

Кога материјалното го победува духовното

Православните верници вчера го прославија големиот христијански празник Богојавление – Водици, кој се празнува уште од вториот век. Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Традиционално, на овој ден во реките се фрлаат крстови, а оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе го следи благослов и среќа во текот на цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити.

Главната цел на овој е да се слави духовното. Оној, пак, што ќе го фати крстот, добива и материјални награди од црквата, како телевизор, шпорет и слично, а исто така со светиот крст оди од куќа до куќа и собира дарови, најчесто пари, од домовите на верниците, кои имаат прилика да го бакнат светиот крст за да им донесе многу среќа и здравје.

Во тој дух и оваа година требаше да празнуваме, меѓутоа „верниците“ повторно на дело ја покажаа својата „почит“ кон големиот верски празник.

Крстот и оваа година се фрлаше во водите на многу градови и села ширум Македонија, како и во Штип, каде повторно, веќе и традиционално се случи голем инцидент.

Додека Владиката Иларион заедно со останатите свештеници ја пееше молитвата пред да го фрли светиот крст во вода, околу педесетина мажи се подготвуваа да се фрлат  во реката Брегалница.

Кога крстот конечно беше фрлен во вода, настана турканица, едно момче го фати крстот, а потоа одеднаш, врз него скокнаа неколку мажи, па буквално го „згмечија“ момчето во вода кое едвај дишеше и се обидуваше да го додржи крстот кој прв го фати.

Целиот хаос траеше околу пет минути, а присутните кои го гледаа фрлањето на крстот, почнаа да свиркаат и да бараат на целата гужва еднаш да и се стави крај.

Кога момчето кое го фати крстот повеќе не можеше да издржи во вода, се откажа, па еден од мажите кои беа врз него му го зема крстот и „шампионски“ го крена, а некои од присутните почнаа да му честитаат.

Во тој момент, се појави уште еден „верник“, кој се обиде да му го одземе крстот и на тој несуден победник во оваа мртва трка.

Свештениците кои будно го следеа настанот останаа во шок и повикаа крстот веднаш да се врати во црквата, а момчето кое прво дојде до него да се награди со фондот кој го доделува црквата.

Вакво сквернавење на една преубава традиција сме виделе многу пати во нашата земја. Пред неколку години сличен скандал го потресе и Делчево, а во 2014 година, исто така во Штип, кога крстот го фати жена, се случи инцидент кој беше повод и за снимањето на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“, преку кој целиот свет виде дека сме векови наназад од реалноста.

Во таа прилика проблем беше што крстот го фатила жена, па никој не сакаше таа да се прогласи за победник.

Оттука сега се поставува едно друго прашање – која е целта на Богојавление, Водици и дали ние заслужуваме да славиме еден вака голем празник?

Па зарем по крстот скокаме за телевизорот од црквата и парите кои ќе ги добиеме од луѓето, а не за да ја искажеме својата љубов кон големиот христијански празник.

Оваа година одново победи материјалното, срамниот гест од кој кружат многу видеа на социјалните мрежи покажа дека ние и во 21 век не сме дораснати за славење на овој празник.

По ова, на интернет се појавија бројни коментари и луѓе кои се шегуваа со тоа дека оваа година во Штип требало да се воведе ВАР технологија, онаа која се користи во фудбалот, за да се утврди кој навистина го фатил крстот.  Дури и да постоеше такво нешто, нашите „верољубци“ очигледно повторно ќе најдеа начин да изманипулираат, со тоа што од претходно ќе им ветеа парични награди на судиите да пресудат во нивна корист.

На народот и тоа како му е потребна верска едукација за тоа што е Водици и зошто секоја година луѓе се фрлаат по крстот, на народото му треба лекција за тоа кој е вистинскиот „ќар“ од фаќањето на крстот.

Се надевам дека овој срамен гест ќе ги поттикне граѓаните, но и луѓето од црквата, да размислат, бидејќи редно време е да се врши селекција за тоа кој заслужува да се фрла по светиот крст, иако пријавувањето е отворено за сите православни христијани.

Зборот „верник“ има огромна тежина, со која за жал, повеќето од нас не знаат да се носат.

 

The post Кога материјалното го победува духовното appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....