2.8 C
Скопје
13:55 - 23 декември, 2024

Кога експертите молчат, будалите оро водат!

Ја следиме ПОЛИТИЧКАТА дебата помеѓу власта и опозицијата за состојбите со епидемијата во земјава. Опозицијата секојдневно плука, блуе отров, бара оставки – а власта го има „истурено“ Филипче и, понекогаш, уште некој член од Комисијата за справување со епидемијата, за да се правдаат, да ги бранат и да ги објаснуваат здравствените состојби и политики во државава.

Гледаме и десетина други лекари кои веќе имаат стекнато статус на национални медиумски „селебрити“ кои ги коментираат состојбите, едни покритички, други повоздржано, но главно со добра волја да помогнат во релативниот хаос што владее во дискусиите за епидемијата.

И, уште, гледаме и читаме стотици и илјадници „обични“ граѓани, „експерти“ од интернет, кои бистрат или матат по социјалните платформи и другите медиуми, некои добронамерно, а многумина злонамерно, со голема доза на политикантство и со мала, но смртоносна доза на светски заговори, малку за забава, многу од страв, како импровизираат на темата…

Сето тоа го гледаме и слушаме, со месеци наназад.

Она што НЕ го забележуваме е каков било стручен придонес, со сопствени анализи и истражувања, од страна на којзнае колку професионални медицински здруженија, институти, факултети, катедри, МАНУ и невладини организации кои се занимаваат со медицински проблематики! А и кога ретко ќе се јават „за збор“ во јавноста, овие „ентитети“ главно имаат „плачливи“ (иако оправдани) синдикални барања, за плати, дневници, ноќници и разни додатоци, материјални или статусни.

Толку.

Ах, да, не треба да се заборави и приватното здравство коешто колку помага со своите болнички и други капацитети, во прв ред си го гледа бизнисот и профитот и од оваа вирусна епидемија. Нормално.

Затоа е, велам, целата епидемиска дебата во јавноста исклучиво ПОЛИТИЧКА, со хистеријата на која инсистира опозицијата од својата партиска говорница; и, од другата страна, растечката нервоза на власта заради лошите статистички трендови на заразени и починати од епидемијата. Колку што се едните опуштени во „лупетањето како максим по дивизија“, толку се другите уморни и на работ од очај, како Караџовски и Филипче на последната „ал фреско“ прес-конференција.

Повремено, некои медиуми – како, вчера, дебатата на Телма кај Боби Христов и неговите двајца одлични гости, професорите Даниловски и Беќаровски – ќе се обидат да ја „мрднат“ пошироката стручна јавност од својата експертска летаргија, за да се направи разложна критичка анализа на состојбите. (На пример, Беќаровски: „Кога правиме споредби, треба да знаеме дека буџетот на словенечкото здравство е 11,5 пати поголем од здравствениот буџет на македонското здравство“… итн.)

Зборот ми е, да бидеме реални, македонската лекарска и друга медицинска сфера – и во и вон строгата дефиниција на овдешниот „здравствен систем“ – ПОТФРЛА со својата вклученост во справувањето со епидемијава. Од таа експертска фела – бидејќи многу мал процент од лекарите и другите здравствени работници се вклучени во директно справување со заразата – се очекува многу повеќе од само да се апелира за носење маски, за одржување дистанца и за миење раце. Не сум проверил, но претпоставувам дека имаме барем неколку илјади магистри и доктори на науки од здравствените и другите сродни науки кои би можеле да сработат барем некој стручен аспект од кризава, макар за компаратива, за појаснување, за анализа, за нови препораки…

Бидејќи, кога тие би се вклучиле во јавните или стручните дебати за епидемиските состојби, многу би се намалил просторот за политичките и фејсбук импровизации по темава. Но, ништо. Речиси комплетен молк од нивна страна.

Ајде сега сите пред малите и поголемите екрани, за да видиме и чуеме што е најново во дневните здравствени препукувања помеѓу власта и опозицијата.

Да ти се поврати.

 

The post Кога експертите молчат, будалите оро водат! appeared first on Слободен печат.


Кога експертите молчат, будалите оро водат! was first posted on октомври 27, 2020 at 8:21 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....