2.8 C
Скопје
17:29 - 22 декември, 2024

Клиентите од Еуростандард ги „нападнаа“ банките (ФОТО)

Огромни редици се формираат пред банките, откако вратите на Еуростандард останаа затворени, со што останаа заробени и трансакциските сметки на повеќе од 140.000 граѓани, но и на фирми чија бројка Народната банка не ја соопшти. Според информациите што се споделија во јавноста, во Еуростандард банката, свои сметки имале и околу 35.000 пензионери и околу 20.000 приматели на социјална помош, кои ако досега немале и друга трансакциска сметка, итно мора да отворат во некоја банка за да може да ја примат својата пензија, односно социјална помош.

Граѓаните со кои разговаравме пред банките се нервозни, но и уплашени од тоа што им се случи во Еуростандард банката.

– Имав некоја мала заштеда во банката. Велат дека ќе си ги добиеме парите, но јас сум исплашена. Од друга страна, се плашам и за своето здравје. Морав лично да дојдам во банката, да стојам во редица во време на корона и на жешкото за да извадам сметка. А видете колкав е редот. Потоа, треба да го известам Фондот за ПИОМ за новата сметка. И таму ќе одам лично. Сакам да се уверам дека се е во ред. Уште без пензија ми фали да останам – вели една пензионерка што чекаше ред.

Но, нервозни се и граѓаните кои имаат да завршат некоја тековна работа во банка.

– Ако е вонредна состојба поради килентите од Еуростандард банка и банкарите треба вонредно да се однесуваат, а не обратно. Порано, оваа банка имаше работното време до 18 часот, а сега го скратиле до 16 часот– нервозно забележува нашиот соговорник.

Во меѓувреме пак, банките бомбардираат со соопштенија за да дојдат до што поголем број клиенти од пропадната Еуростандард банка. Од Комерцијална банка соопштуваат дека преку брза и едноставна процедура ќе им се одобри дозволено пречекорување на клиенти кои имале активна сметка во Еуростандард банка и на која примале плата или пензија. Понудата се однесува на сите бонитетни клиенти кои имаат солиден рејтинг во кредитниот регистар на НБРСМ, односно се класифицирани во ризична категорија А или Б.

И Стопанска банка а.д. Битола, соопшти дека ќе им излезе во пресрет на клиентите на Еуростандард, И оттаму нудат дозволено пречекорување, а најавија и поволни кредити за сите вработени, како и за пензионери до 75 годишна возраст, приматели на технолошки вишок и приматели на социјална помош – додаток за трето и четврто дете, кои имаат солиден кредитен рејтинг.

Македонската банкарска асоцијација ја извести јавноста дека во рамките на можностите, сите банки и штедилници максимално ќе се заложат да одговорат на потребите и барањата на сите физички и правни лица коишто биле клиенти на Еуростандард банка, со цел тие да продолжат непречено да ги користат банкарските услуги и производи.

 

The post Клиентите од Еуростандард ги „нападнаа“ банките (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Клиентите од Еуростандард ги „нападнаа“ банките (ФОТО) was first posted on август 18, 2020 at 12:15 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....