Четиристотини и педесет лекари од кинеската армија пристигнаа со авион синоќа во градот Вухан, каде започна ширењето на коронавирусот, јави Синхуа. Дел од тие лекари имаат искуство во борбата против ебола.
Кинеските власти наредија мерки на национално ниво за идентификување на сомнителни случаи на заразени со смртоносниот вирус во возови, авиони и автобуси, бидејќи бројот на смртни случаи и бројот на пациенти се зголемија.
Ќе бидат поставени инспекциски станици и патниците со сомнителна пневмонија мора да бидат „веднаш транспортирани” до медицински центар, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија.
The post Кинеската армија распореди 450 лекари во Вухан appeared first on Слободен печат.