5.8 C
Скопје
17:55 - 18 декември, 2024

Кина пред победа на Ковид-19, САД како можно ново жарише, Русија како да не постои пандемија на коронавирус

Кина ги укина драстичните ограничувања воведени пред неколку  месеци во покраината Хубеи, жариштето на пандемијата со новиот коронавирус.Во последните 24 часа во Кина не е откриен ниту еден случај на локална зараза, а регистрирани се 474 пациенти кои вратиле од странство во Кина.

Што се однесува до новите жртви  во последните 24 часа починале четири лица, од кои три во покраината Хубеи, каде се наоѓа Вухан, градот од каде започна ширењето на Ковид-19.

Во меѓувреме  американскиот државен секретар Мајк Помпео остро го критикуваше однесувањето на Кина за ширењето на заразата со коронавирусот, велејќи дека нивната владејачка комунистичка партија се уште крие информации потребни за да спречат понатамошни случаи.

Помпео ги повтори претходните обвинувања дека ненавременото и нецелосното  информирање  на Кина  за вирусот ги загрозило луѓето ширум светот , индиректно обвинувајки го Пекинг дека е виновен за ширењето на пандемијата .Помпео, во стилот на американската реторика не пропушти да  ги обвини и  Иран и Русија за кампањите за дезинформации за вирусот. Особена  критика е упатена кон Москва и Техеран кои јавно пропагираат дека зад ширењето на вирусот можеби стои американската армија стационирана во Италија  и нејзин обид за биолошка војна.

Во меѓувреме Пентагон за првпат од започнувањето на кризата се огласи со проценка дека пандемијата на коронавирусот ќе трае со месеци. Реакцијата на Пентагон доаѓа по растечкиот биланс на заразени и починати во САД. Бројката на инфицирани Американци е  околу 54.000 , од кои речиси половината, 26 илјади  се во Њујорк, додека вкупно починати се 706 лица.

Црните прогнози велат дека САД би можеле да бидат новиот светки епицентар на коронавирусот, а дека Њујорк би можел да биде новиот Вухан.

САД засега се наоѓаат на трето место по бројот на зарзаени во светот. Првите две места по бројот на заразени и натаму доаѓаат од  Европа.  СЗО информира дека дури 85 отсто од новите случаи во последните 24 часа, пријавени се  во Европа и во САД. Италија се уште важи за земја која е епицентарот во Европа со најголем број на новоинфицирани и со најголем број жртви. До вчера бројот на починати повторно се зголеми на повеќе од 700. Таму до сега има 6.820 починати, а вкупниот број заразени е близу 70.000 луѓе. Стапката на смртност е речиси 10 проценти. Критично е и во Шпанија, каде вкупниот број на починати е 2.991, а веќе има 42.000 заразени лица.

Што се однесува до Русија, таму барем, засега, официјално бројката на заразени и починати е незначителна. Незначителна е ако се земе во предвид бројното население и распространетоста на територијата. Официјално Русија пријавува 658 заразаени и само еден смртен случај. Ова го  изиритира градоначалникот на Москва кој јавно го предупреди рускиот претседател Путин дека бројката на заразени од коронавирусот е многу поголем одошто се пријавува.

Самиот Путин пак денеска против коронавирусот организира воени вежби на руската армија. Вежбите се да се провери борбената готовност за борба против коронавирусот и ќе се одржат од 25 до 28 март. Во Москва повеќето од продавниците се затворени и забрането е одржување на јавни настани.

 

 

The post Кина пред победа на Ковид-19, САД како можно ново жарише, Русија како да не постои пандемија на коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....