-1.2 C
Скопје
06:00 - 19 декември, 2024

Ќе влијае ли коронавирусот врз излезноста на изборите?

Од денеска почнува да тече втората половина од изборната кампања на парламентарните избори. Партиските каравани продолжуваат со исто темпо да крстарат низ државата. Носителите на изборните листи и лидерите на партиите ги презентираат пред своите симпатизери изборните програми и ветувања, а ниту еден од нив не ја прпопушта шансата да ги повикаат граѓаните на масовна излезност на изборите.

Институциите задолжени за спроведување на изборите ветуваат безбедени здравствени услови за денот на гласањето. Слободен печат го праша универзитетскито професор Ѓорѓи Спасов дали очекува коронавирусот да влијае врз процентот на излезност на овие парламентарни избори. Тој вели дека, поради заразата од Ковид 19, сепак може да ни се случи да имаме помала излезност, но не така драматична.

– На парламентарните избори во 2016 година во Хрватска имаше излезност од 52 проценти, сега на изборите излегоа 47 проценти од граѓаните. Тоа значи намалување на помалку од 10 посто од излезноста. Кога немаше коронавирус, во Македонија, во 2016 година излезноста беше 67 посто, тоа значи дека ако се намали за околу 10 посто или помалку како во Хрватска, очекувам таа да биде некаде околу 59 посто. И тоа нема да е мала излезност за да се обезбеди легитимитет на институциите – вели Спасов.

За парламентарните избори кои се одржуваат во еден изборен круг нема цензус. Победник е оној што ќе освои или ќе договори коалиција со поголем број на пратеници во законодавниот дом. И покрај ваквите изборни правила, многупати јавноста ги слушна повиците тие да излезат во што помасовен број. Спасов вели оценува дека со поголема излезност на граѓаните партиите си обезбедуваат поголем легитимитет за своето владеење.

– Излезноста значи учество на што повеќе граѓани во креирање на интитуцитие. Така што секоја политичка партија сака да има што поглема излезност за потоа да се повика на неа. Тоа е основната норма на политичктие партии – вели Спасов.

Партиските лидери, секој со свои аргуметни, ги убедуваат граѓаните зошто баш тие треба да се победници. Претседателот на СДСМ Зоран Заев очекува граѓаните да го дадат гласот за коалицијата „Можеме“ бидејќи тие „веќе го препознаваат искрениот, чесниот и домаќински пристап“.

– Затоа, на 15 јули масовно ќе застанат зад нашиот концепт за развој и ќе гласаат за број 3 за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ за развојот на инфраструктурата да продолжи уште повеќе. Важно е државата да продолжи на правиот пат кој овозможува развој на нова македонска економија за раст на компаниите и приватниот сектор и затоа е важно граѓаните да излезат на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето и да ја дадат својата поддршка и глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“ – рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски постојано ги охрабрува граѓаните да излезат и да гласаат бидејќи така „масовно ќе се спротивстават на корумпираната власт“.

– На 15 јули ќе ставиме крај со масовна излезност, со референдумска излезност. Промените доаѓаат, национално да ја креваме Македонија, да бидеме горди и достоинствени Македонци и економски да растеме, тоа е нашата визија, тоа е нашиот план. Со седењето дома одлучувате овие бандити да да продолжат да владеат и понатаму. Затоа гласајте за број 14 и коалицијта „Обнова“ – вели Мицкоски.

На овие парламентарни избори право на глас имаат 1.814.263 граѓани. Во посебни изводи од Избирачкито список регистрирани се 83.054 лица на привремена работа или престој во странство, 1.657 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, 357 лица згрижени во установи за вонсемејна грижа и 6 гласачи кои се водат како раселени лица.

The post Ќе влијае ли коронавирусот врз излезноста на изборите? appeared first on Слободен печат.


Ќе влијае ли коронавирусот врз излезноста на изборите? was first posted on јули 6, 2020 at 2:03 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....