-2.2 C
Скопје
01:55 - 22 ноември, 2024

Ќе успее ли Сандерс „сам против сите“ да биде победник како што тоа му успеа на Трамп пред четири години?

Американската сенаторка Елизабет Ворен, која во еден момент се сметаше за најперспективен кандидат за кандидатската номинација на демократите за претседател на САД, се повлече од трката за освојување на номинација.

Ворен идентично како Берни Сандерс се бореше за освојување на исто или слично гласачко тело во демократската партија. Но, предизборниот ,,супервторник” ѝ покажа дека гласачите од тоа гласачко милје многу повеќе го поддржуваат Сандерс, чии ставови се многу полевичарски од оние на Ворен.

Нејзината одлука да ја напушти битката за осојување на номинацијата доаѓа откако трката ја напушти и поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајкл Блумберг. И покрај огромните финансиски средства кои ги потроши во промоцијата на кампањата (наводно 700 милиони долари) не постигна никаков рејтинг кај гласачите, кои му ја испорачаа својата сметка не поддржувајќи го во гласањето на ,,супервторникот”.

Со повлекувањето на Ворен и Блумберг, и претходно Ејми Клобучар, и најбрзорастечкиот по рејтинг Пит Бутиџиџ, се оствари планот кој предвидуваше умерените избирачи да се обединат околу Бајден.

Сега битката околу освојување на номинацијата за кандидат на демократите на претстојните избори ќе се води помеѓу поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Бајден важи за фаворит на естаблишментот кој можеби не е среќен целосно со неговата евентуална кандидатска номинација, но меѓу кандидатската понуда, не гледа друго име кое би можело да ги преставува демократите при евентуалното освојување на Белата куќа.

Особено што доколку Бајден првенствено стане демократски кандидат на изборите, па потоа и евентуално го порази Трамп и успее да седне во Белата куќа, тоа би значело своевидно враќање на гарнитурата на кандидатот и губитникот од претходните избори, Хилари Клинтон, која пак повторно би го вратила своето влијание во американската глобална политика.

Се разбира, сето ова може да остане засега на ниво на претпоставки. Она што е јасно е дека Бајден е демократски центрист, скептик за суштествени промени.

Наспроти него, сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, е вистински социјалист. Се разбира демократски, но заговарач на започнување на „перестројка“ на системот со помош на „политичка револуција“ во САД.

Овие намери на Сандерс никако не им одат во прилог на востановените моќни фигури во естаблишментот на демократската партија.

Голем дел од естаблишментот на демократите стравуваат дека доколку сенаторот од Вермонт победи, неговите сопартијци на ниво на изборите во сојузните држави ќе претрпат пораз. Се стравува дека победата на Сандерс ќе го урне рејтингот на демократската партија, бидејки ќе ѝ даде призвук на социјалистичка, аргумент кој на републиканските опоненти ќе им овозможи нивниот противкандидат да го оценат како социјалист.

Со други зборови, реномето на социјалист никако не им оди во прилог на демократите, а се разбира им оди на републиканците, кои ќе можат да го искористат ова и да го олеснат патот на Трамп за освојување на втор мандат во Белата куќа.

Дел од демократите пак сметаат дека Сандерс нема капацитет да ги победи умерените републиканци или независните кандидати, а последица на тоа би било победа на Трамп.

Демократите се свесни дека мора да го победат Трамп, но исто така се свесни дека шансите на Бајден да ја освои демократската номинација за претседателската трка се ниски.

Според последните податоци, Бајден за потребите на кампањата располага со седум милиони долари, додека Сандерс, според сопствениот извештај, располага со 16 милиони долари. Сандерс досега покажа дека од сите кандидати има најголем успех во собирање на финансиски средства за потребите на својата кампања.

Американската сојузна изборна комисија соопшти дека кампањата на Сандерс досега собрала вкупно 134 милиони, наспроти 69 милиони кои ги собрал Бајден.

Токму затоа спонзорите на речиси сите 11 кандидати кои малку пред Супервторникот се надеваа дека можат да влезат во изборната трка, сега се чини дека под команда ќе ги пренасочат средствата за внатрепартиската кампања и така да му помогнат на Бајден да ја освои демократската номинација за трката за претседател на САД

Од друга страна, околностите во кои се наоѓа Сандерс, односно ,, сам против сите”, наликуваат на состојбите  во битката за номинација на републиканците за претседател на претходните претседателски избори, кога сегашниот претседател Трамп исто така сам против сите, беше вистинско изненадување, и првин ја освои кандидатската номинација, а потоа ја освои и Белата куќа.

The post Ќе успее ли Сандерс „сам против сите“ да биде победник како што тоа му успеа на Трамп пред четири години? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....